WYSIWYG Web Builder
 
 
     ЗАМП е примен како придружен член на CISAC во мај 1993 година, за да во мај 2005 година биде назначен за Редовен член. Денес, ЗАМП има склучено 53 договори со сродни авторски друштва во областа на малите права, како и 16 договори во областа на механичките права.Повеќе
 
 
 
    Здружението за заштита на авторски музички права-ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, во согласност со ЗАПСП, Статутот и Дозволата на Министерството за култура на Република Македонија.
    ЗАМП во континуитет со различна организациона поставеност функционира од 1947 год. исклучиво во областа на колективното управување на авторските музички права.
     За ЗАМП
ЗАМП Здружение за заштита на авторски музички права
ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28
1000 Скопје
Р.Македонија
тел/факс:  +389 2 312-2301     
e-mail: zamp@zamp.com.mk
МК
EN
    Здружение за заштита
на авторски музички права
 
Обраќање од CISAC до премиерот на РМ
23/08/2016
         

            Доставено е барање од CISAC до премиерот на РМ за итна интервенција и враќање на "one stop shop" (едношалтерски систем - услуги од едно место) во колективната заштита на авторските права во Македонија.
      "
Vi se obra}am vo ime na CISAC (Me|unarodnata Konfederacija na Zdru`enija na avtori i kompozitori, so sedi{te vo Pariz. Kako vode~ka svetska asocijacija na zdru`enija za avtorska za{tita (Zdru`enija za kolektivno upravuvawe), CISAC obedinuva 239 organizacii od 123 zemji vo svetot. Preku ovie zdru`enija, CISAC zastapuva preku 4 milioni avtori od site poliwa na umetnosta, kako: muzika, drama, literatura, audio-vizuelni umetnosti, grafika i vizuleni umetnosti.
        
Vo Makedonija, ZAMP e edinstvena organizacija koja e ~lenka na CISAC. Pokraj zastapuvaweto na lokalniot makedonski repertoar, na ZAMP mu e doverena za{titata i upravuvaweto i na me|unarodniot repertoar preku brojnite dogovori za vzaemno pretstavuvawe koi gi ima potpi{ano so srodni zdru`enija niz svetot (Francija, Britanija, Germanija, SAD, Rusija, Japonija, Italija, Srbija, Hrvatska i dr.). So toa ZAMP igra  klu~na uloga vo obezbeduvaweto na za{tita na pravata vo Republika Makedonija kako na doma{nite, taka i na stranskite avtori. CISAC sekoga{ go poddr`uva ZAMP, koj za `al seu{te raboti vo uslovi na islu~itelno neprijatna klima vo Makedonija...."
Обраќање CISAC (линк мак ) (линк анг)



20/08/2016 Кој прави хајка против ЗАМП?

          
Оркестрираната хајка против Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) ита кон својата цел - системски да ја разнебити организацијата за колективно управување и уставно загарантираното право на авторите да го врати за повеќе од половина век и да го сведе на племенски основи. Повеќе



16/08/2016 ОБРАЌАЊЕ од RICom publishing и  ICMP

      По повод давањето дозвола за колективно управување на музичките права во Македонија на СОКОМ МАП, RICom publishing - лиценциран партнер на групацијата Universal Music Publishing за територијата на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија и  ICMP (International Confederation od Music Publisher)  со седиште во Брисел реагираа до Владата на Република Македонија, Министерството за култура на Република Македонија и до Комисијата за посредување во авторското право и сродните права бидејќи давањето дозвола за ист вид права на две колективни организации (ЗАМП и СОКОМ МАП) е преседеан во светски размери. „Тоа е избрзана, неиспитана и непотребна одлука, што го потврдува Предлог-правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на СОКОМ МАП, објавен на нивната интернет страна од 27.06.2016 година.“
      Причина за нивната сериозна загриженост е фактот дека доколку тарифата на СОКОМ МАП стапи во сила, авторските права би се обезвредниле, а употребата на нивните дела би била речиси бесплатна.
Обраќање RICom publishing (линк мак ) (линк анг)
Обраќање ICMP (линк мак ) (линк анг)


11/08/2016  Донација за настраданите од поплавите

    Сочувствувајќи и солидаризирајќи се со граѓаните кои изгубија членови на своите семејства и претрпеа големи материјални штети во катастрофалната поплава од 06.08.2016 год., Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП донесе одлука да донира 500.000,00 денари на солидарната жиро-сметка на Црвениот крст на Република Македонија.



03/08/2016 ОБРАЌАЊЕ од СОКОЈ и ХДС ЗАМП
                

          Обраќање на колективните организации СОКОЈ (Србија) и ХДС-ЗАМП (Хрватска) по повод јавниот повик по предлог Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела на СОКОМ МАП, објавен на 27.06.2016 год.
Обраќање СОКОЈ (линк мак ) (линк анг)
Обраќање ХДС - ЗАМП (линк мак) (линк анг)


  

Врз основа на чл.156 став 3 од ЗАПСП (Сл. Весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11 и 147/13) Министерството за култура на РМ донесе решение бр.56-13178/2 од 28.11.2013 год. за давање на согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЗАМП. Пречистениот текст на Статутот донесен на 18.11.2013 год. заведен под бр. 354-1-0201 од 19.11.2013 год. е поставен на веб страната на ЗАМП во делот - законска регулатива.