06.12.2011  Регионален состанок

          На 06.12.2011 се одржа  Регионална средба, 5 тата по ред,  во просториите на ЗАМП. Присуствуваа здруженијата за заштита на авторски музички права од поранешните југословенски републики, и тоа: ХДС ЗАМП(Хрватска), САЗАС(Словенија), SQN(Босна и Херцеговина), СОКОЈ(Србија) и ПАМ(Црна Гора).  На средбата се работеше по следниот  дневен  ред
·Преглед на Тарифите во регионот
·Механички права
·  Извјештај за актуелните случувања во Европа по прашањето на  колективното управување на авторскте права и преглед на случувањата во врска со влегувањето на големите  интернет музички продавници во нашиот регион (Ненад Марчец);
· Извјештај за анализата на Законите за авторското право и сродните права во регионот (Романа Матановац Вучковиќ);
· Извјештаи за најновите пресуди на Европскиот суд на правдата, а кои се однесуваат на колективното управување на права.
Секој од  директорите на здруженијата се произнесе за достигнувањата  во  колективното управување на нивните здруженија и за проблемите со кои се среќаваат  во спроведувањето на колективното управување на  нивните територии. Посебен акцент на средбата  беше ставен на  интернет технологијата и интернет услугите.
На крајот од Регионалната средба беше констатирано дека овој тип на средби кои беа претходно одржани и во другите држави од поранешните југословенски простори се одлична можност за подобрување на соработката помеѓу здруженијата и за согледување на позитивностите во работењето кај колективното управување.

04.11.2011 Донесување на нови општи акти на Здружението

           Врз основа на членовите 149 и 197 од ЗАПСП (Сл.весник на РМ бр.115/10 и 140/10) во согласност со членовите 130,131,132,146,147 и 148, а во врска со членот 156 од Законот, Министерството за култура на РМ донесе Решение за давање дозвола за колективно управување заведено под бр.54-5454/1 од 08.04.2011, а објавено во Сл.весник на РМ бр.65/11 од 10.05.2011 год. Во законски предвидениот рок од 6 месеци од објавувањето на Решението за давање Дозвола за колективно управување согласно ЗАПСП на РМ и Статутот на ЗАМП, на седницата на Собранието на ЗАМП одржана на 03.11.2011 год ги донесе општите акти :

– Правилник со Тарифа за користење на авторски музички дела под бр.461-1-0201 од      04.11.2011     и

– Правилник за распределба на авторските надоместоци под бр.462-1-0201 од 04.11.2011год

Горенаведените Правилници се објавени во Сл.весник на РМ бр. 154/11 од 04.11.2011год

27.09.2011 Нацрт текст на Правилникот за распределба на авторските надоместоци

         На четвртата седница на Собранието на ЗАМП одржана на  26.09.2011 год со почеток во 20  часот Собранието на ЗАМП донесе одлука бр.384-1-0201 од 27.09.2011 год за усвојување на Нацрт текстот на Правилникот за распределба на авторските надоместоци.
Врз основа на чл.39 ст.2 од Статутот на ЗАМП, Нацрт текстот на Правилникот за распределба на авторските надоместоци се објавува на Интернет страната на ЗАМП на 27.09.2011 год.

27.06.2011 Потпишани Договори со операторите на кабелска мрежа

          На ден 27.06.2011 завршени се преговорите со операторите на кабелска мрежа представувани од СИЗ МКНЕТ, а воедно се потпишани и Генералните лиценцни  договори помеѓу имателите на права (Радиодифузните корпорации ЕБУ Кабелска Координација, VG Media Gesellschaft, RTL Телевизија, Колективната организација AGICOA, Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП) и  операторите на кабелска мрежа како корисници за период 2011-2015 год  кои се членки на СИЗ МКНЕТ :
                                                                                 1. СУПЕР КАБЕЛ ДОО
2. МИКС-НЕТ ДООЕЛ
3. ТО-МИ ДОО
4. КАЛЕ 2001 ДООЕЛ
5. КДС-КАБЕЛ НЕТ ДООЕЛ
6. КТ-СЕЛЕКО ДООЕЛ
7. СПАЈДЕР НЕТ ДООЕЛ
8. КРАТЕЛСАТ ДООЕЛ
9. КДС-БТ ДООЕЛ
10. КАМСАТ ДООЕЛ
11. ВИВА НЕТ ДООЕЛ
12. ГАЛАВИЗИОН 5 КОМПАНИ
13. КАБЕЛ-ВИ ДООЕЛ
14. КАБЕЛ ДОО
15. ГИВ Иван ДОО
16. ИГМАС НЕТ ДООЕЛ
17. Г-КАТВ ДООЕЛ
18. КАБЕЛ-Л-НЕТ ДООЕЛ
19. АСТРА ПЛУС ДООЕЛ
20. ФИЛАДЕЛФИЈА 2002 ДООЕЛ
21. КАБЕЛ-РИЗ ДООЕЛ
22. БИВ ПИРАМИДА ДООЕЛ
23. ИНЕЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ
24. Г-ОН ДООЕЛ
25. ГЛОБАЛ НЕТ КТВ ДООЕЛ
26. ОМЕГА НЕТ ДОО
27. ЕВРОСТИЛ ДООЕЛ
28. КАНАЛ 16 ДОО
29. ИНФЕЛ КТВ ДОО
30. ПАРМА-ШПЕД ДООЕЛ
Во завршна фаза е и потпишување на лиценцен договор (ЗАМП и АGICOA)  и кабелските оператори како корисници.

28.05.2011 Седница на членови на Здружението за избор на членови на Собрание и Надзорен                            одбор
Согласно Чл.16 од Статутот на ЗАМП на 28.05.2011 год. во театар Центар-Скопје беше одржана Седница на членови на Здружението за избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП. Врз основа на одредбите од Статутот а по претходна  постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор чиј избор е  извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Елизабета Илиевска, Јован Јованов и Дејан Момироски по пребројувањето на гласовите ги објави кандидатите кој се избрани за членови на Собранието за наредниот период  од четири години (2011-2015 год.).
Избрани членови на Собранието се:
1.Живојин Глишиќ
2.Димитрије Бужаровски
3.Милан Завков
4.Зоран Џорлев
5.Горан Алачки
6.Миле Барбаровски
7.Ристо Самарџиев
8.Влатко Плевнеш
9.Дамир Имери
10.Дарко Тасев
11.Есма Реџепова Теодосиевски
12.Сони Петровски
13.Кире Костов
14.Гаро Тавитјан
15.Ванчо Тарабунов
16.Валентина Велковска Трајановска

За членови на Надзорниот одбор комисијата по пребројување на гласовите ги објави кандидатите кој се избрани за членови на Надзорниот одбор за наредниот период од четири години (2011-2015 год.)
Избрани членови на Надзорниот одбор се:

1.Јове Кекеновски
2.Гоце Џуклески
3.Александар Џамбазов
4.Ефто Пупиноски

10.05.2011  Издавање на Решение за давање дозвола за колективно управување
Врз основа на членовите 149 и 197 од Законот за авторското право и сродните права ( „Службен весник на РМ „ бр.115/10 и 140/10), во согласност со членовите 130,131,132,146,147 и 148, а во врска со членот 156 од Законот, министерот за култура издаде Решение за давање дозвола за колективно управување