cialis et anesthesie generale 15/12/2014 finasteride ou propecia prix levitra et probleme cardiaque Известување за одржаната Седница на членови на ЗАМП за избор на членови на Собрание и Надзорен одбор

      Согласно Членовите 16,20 и 30 од Статутот на ЗАМП на 13.12.2014 год. во Театар Комедија-Скопје беше одржана Седницата на членови на Здружението за избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП.
Врз основа на одредбите од Статутот, а по претходна  постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор чиј избор е извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Милан Завков, Владимир Дојчиновски и Стеван Христовски по пребројувањето на гласовите ги објави кандидатите.
За членови на Собранието се избрани авторите и тоа :

1. Живојин Глишиќ
2. Зоран Џорлев
3. Дарко Тасев
4. Бодан Арсовски
5. Горан Алачки
6. Сашо Ливрински
7. Ристо Самарџиев
8. Кире Костов
9. Миле Барбаровски
10. Љупчо Трајковски – Фис
11. Шпенд Ахмети
12. Роберт Билбилов
13. Илчо Јованов
14. Орце Лазаров
15. Влатко Плевнеш
16. Гоце Џуклески

За членови на Надзорниот се избрани авторите и тоа :

1. Ефто Пупиновски
2. Владимир Дојчиновски
3. Георги Барбаровски
4. Симеон Иванов – Канго

Мандатот на новоизбраните членови на Собранието и Надзорниот одбор започнува од 31.05.2015 год по истекот на мандатот на сегашниот состав на Собранието кој е до 30.05.2015 год.

qual o melhor o cialis ou o viagra 15/10/2014 Единаесетта Регионална средба

На 14.10.2014 година во просториите на ЗАМП се одржа Единаесеттата Регионална средба. На средбата присуствуваа претставници од Министерството за култура на РМ како и претставници од организациите за заштита на авторски музички права од поранешните Југословенски републики.
Средбата започна со обраќање на г-ѓа Драгана Ќурчиоска, Раководител на Секторот за авторското право и сродните права при Министерство за култура, а присутните ги поздрави Претседателот на Собранието на ЗАМП професорот д-р Живојин Глишиќ. На средбата се разгледуваа точките од дневниот ред. Поголемиот дел од средбата помина во знакот на договорите потпишани со дигиталните сервиси од страна на организациите.

demander du viagra à son medecin
13/10/2014 Најава за Единаесетта Регионална средба  
viagra rembourse secu

Единаесеттата Регионална средба на сестринските друштва од просториите на поранешна Југославија ќе се одржи во Скопје на 14.10.2014 година во просториите на ЗАМП. На средбата ќе присуствуваат претставници од HDS-ZAMP Хрватска, AMUS-Босна и Херцеговина, PAM-Црна Гора, SAZAS-Словенија, SOKOJ-Србија и ќе работат по следниот Дневен Ред:
1. Усвојување на Записникот од Десеттата Регионална  средба одржана во Загреб на 10.03.2014 година
2. Дигиталните сервиси
3. Принцип на размена на информациите во регионот
4. Информација за cross-border online licensing

viagra et ulcere 30/09/2014 Усвојување на Правилникот за распределба на авторски надоместоци 
         На ден 23.09.2014 год. Собранието на ЗАМП го донесеПравилникот за распределба на авторските музички надоместоци бр.282-1-0201 од 24.09.2014 година и истиот е објавен во Службен весник на РМ бр. 141/14 од 24.09.2014 год.

10/09/2014 Известување за склучување на договори со дигиталните on-line сервиси

           Ве известуваме дека се потпишани првите договори со дигиталните сервиси за on-line музичките права со Google Commerce Limited  за Google Play Store и Google VOD.

02/04/2014 Известување за исплата на авторските хонорари за 2013 год

            Врз основа на член 147 т. 7 од ЗАПСП (Сл.Весник на РМ бр.115/10; 140/10 ; 51/11 и 147/13) , а согласно  Правилникот за распределба на авторските надоместоци на Здружението за заштита на авторски музички права-“ЗАМП”, објавен во Службен весник на РМ бр.169/13, направена е конечна пресметка за репартиционата 2013 год. Ве известуваме дека авторскиот надоместок е уплатен на индивидуалните трансакциски сметки на авторите на 28.03.2014 год.
Согласно член 45 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци имате право да поднесете Приговор со докази доколку сте незадоволни со извршената пресметка  до ЗАМП во рок од 1 месец од приемот на поединечната пресметка.
По приговорот одлучува Управниот одбор, по прибирање на соодветно мислење од Стручната служба, најдоцна во рок од еден месец.
Приговорот во писмена форма заедно со доказите треба да го доставите на адреса:
ЗАМП  ул. “Митрополит Теодосиј Гологанов” бр 28 (4 кат) 1000 Скопје.
      Со одлука на Собранието на ЗАМП авторските надоместоци под 100,00 ден. не се исплатуваат.

Напомена :
   
Врз основа на новото банкарско работење, трансферот на средства може да се изврши само преку трансакциска сметка. Доколку немате доставено до стручната служба ваков вид на сметка, ЗАМП нема да биде во можност да го исплати авторскиот надоместок. Образецот ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА АВТОР можете да го најдете на нашата веб страна во делот – АВТОРИ.

les effet secondaire de viagra  13/03//2014  Презентација на програмот за електронска евиденција

        На ден 12.03.2014 год. во просториите на ЗАМП во присуство на министерката за култура Г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, министерот за информатичко општество и администрација на Владата на РМ Г-н Иво Ивановски , претставници од Министерството за култура и автори-членови на органите на управување на ЗАМП, извршена е презентација на Системот за електронска евиденција заради електронско евидентирање, обработка на податоци, следење  и контрола на емитуваните авторски дела кој согласно чл.135-а од ЗАПСП (Сл.весник на РМ бр.115/10, 140/10, 51/11 и 147/13),треба да се инсталира кај радиодифузните организации во РМ.
15/12/2014
  Нов промотивен видео спот на CISAC
       На веб-страната на CISAC е објавено новото промотивно видео кое можете да го погледнете на следниот линк :
http://www.cisac.org/CisacPortal/consultArticle.do?id=1759

faire l'amour avec du viagra 02/01//2014  Известување
Во Сл.весник на РМ бр. 169/13 од 05.12.2013 год. објавен е Правилникот за распределба на авторските надоместоци бр.384-1-03 од 03.12.2013 год. донесен од Собранието на ЗАМП на 02.12.2013 год.
Поради техничка грешка не е објавен образецот Пријава на дело кој согласно чл.32 алинеја 2 е составен дел од Правилникот за распределба на авторските надоместоци.
Ве известуваме дека образецот Пријава на дело е објавен во Сл.весник на РМ бр. 186/13 на 30.12.2013 год.