Здружението за заштита на авторски музички права-ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, во согласност со ЗАПСП, Статутот и Дозволата на Министерството за култура на Република Македонија.
ЗАМП во континуитет со различна организациона поставеност функционира од 1947 год. исклучиво во областа на колективното управување на авторските музички права.

За ЗАМП МК EN Здружение за заштита
на авторски музички права За извршување на стручните и административните-техничките работи за потребите на Здружението поврзани со колективното управување на авторските права, односно со целите и задачите за кои е основан, ЗАМП има основано и стручна служба.
Стручната служба на ЗАМП е поделена на сектори и тоа :

-Перцепција со развиена застапничка мрежа . низ целата република ;
-Финансов сектор;
-Сектор за документација и меѓународна
. соработка
-Сектор за репартиција

Во РМ има 5972 автори кои остваруваат заштита на авторски музички права евидентирано при пресметката на авторскиот хонорар. ЗАМП има склучени договори или полномошна со 2017 домашни автори, кои во нашата документација имаат пријавено 47993 музички дела.
Како членови на ЗАМП со пристапни изјави се 1556 автори.

Остварувањето на правата на домашните автори надвор од РМ, како и на странските автори во РМ, ЗАМП ги остварува согласно на склучените договори со соодветни странски организации членки на Меѓународната конфедерација на Друштва на автори и композитори CISAC, која обединува 231 друштво од 121 земја во светот, со бројка над 4.000.000 автори.

ЗАМП е примен како придружен член на CISAC во мај 1993 година, за да во мај 2005 година биде назначен за Редовен член. Денес, ЗАМП има склучено 53 договори со сродни авторски друштва во областа на малите права, како и 16 договори во областа на механичките права.
Министерството за култура на РМ со Решение бр. 07-1733/19 од 26.11.1998 год. ( Сл. весник на РМ бр. 78/99), а врз основа на чл.165 од ЗАПСП, на ЗАМП му издаде Решение за Дозвола за колективно остварување на авторското право на несценски музички дела, која ЗАМП со успех ја остварува до денес.
Со Решение бр. 17-2045/13 од 12.06.2003 година (Сл.Весник на РМ бр 19/03) Министерството за култура на РМ му издаде на ЗАМП Решение за привремена Дозвола за колективно остварување на кабелско реемитување на авторски музички дела.
Врз основа на членовите 149 и 197 од Законот за авторското право и сродните права ( „Службен весник на РМ „ бр.115/10 и 140/10), во согласност со членовите 130,131,132,146,147 и 148, а во врска со членот 156 од Законот, министерот за култура издаде Решение за давање дозвола за колективно управување бр. 54-54/1 од 08.04.2011 а објавено во сл. весник на РМ од 10.05.2011.
ЗАМП, согласно ЗАПСП и Статутот на здружението работи со непрофитна цел, врз принципите на рационалност и транспаретност и со почитување на правата за конкуренција, а своите права и обврски и одговорности ги извршува во согласност со Уставот на Р.Македонија и законите. Здружението ги има следните органи:
-Собрание, како највисок орган на Здружението
-Управен одбор и
-Надзорен орган
Kолективното управување со правата на носителите на права опфаќа правни работи со корисниците на правата, прибирање на надоместоци од користењето, нивна распределба и заштита на правата пред државни органи и други субјекти.
Колективното управување на правата на домашните автори кои се користат во странство, Здружението ги врши врз основа на посебни договори кои ги склучува со соодветни странски организации.
Здружението колективно ги управува на територијата на Р.Македонија и правата на странските автори и носители на права, ако нивните дела уживаат заштита според ЗАПСП и врз основа на меѓународните конвенции и други договори склучени меѓу Р.Македонија и други земји, како и врз основа на реципрочни договори склучени меѓу Здружението и соодветни странски здруженија.
Собранието на ЗАМП ги донесува општиот акт за распределба на надоместоците и општиот акт за определување на висината на надоместоците-тарифа.