Договори со корисници


Авторското дело е сопственост на авторот. За секое користење на авторкото дело потребно е согласност од авторот. За јавно користење на делата на авторите чии права колективно се управуваат, Здружението наплатува од корисниците авторски надоместоци првенствено во согласност со:

-Општ договор помеѓу Здружението и здруженијата на одделни категории корисници односно нивните комори што го претставуваат мнозинството корисници (Општ договор);
-Поединечен договор помеѓу Здружението и поединечен корисник (поединечен договор) и
-Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела во согласност со закон.

Согласно на член 139 од ЗАПСП висината на надоместоците за користење на авторски музички дела е определена со :

1) Општи договори :
– Договори со кабелски оператори

Список на кабелски оператори со потпишани договори за реемитување на музички содржини

Список на кабелски оператори со потпишани генерални лиценцни договори

2) Поединечни договори:

а) Јавно радиодифузно претпријатие МРТ
– Склучен договор со Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија -МРТ

б) Трговски радиодифузни друштва
Список на Радио станици кои имаат склучено договор со ЗАМП
Список на Телевизиски станици кои имаат склучено договор со ЗАМП

в) Хотели
Список на хотели кои имаат склучено договор со ЗАМП

г) Ресторани
Список на ресторани кои имаат склучено договор со ЗАМП

д) Кафе-барови
Список на кафе-барови кои имаат склучено договор со ЗАМП

ѓ) Дискотеки
Список на дискотеки кои имаат склучено договор со ЗАМП

е) Концертна дејност
Список на организатори на концертна дејност

ж) Спортски објекти
– Склучен договор со „Јавно претпријатие за изградба одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори Билјанини извори- Охрид„

з) Автобуски станици
– Склучен договор со „Друштво за превоз промет и услуги Руле турс ДОО Експорт Импорт – Скопје„

ѕ) Телеком Услуги – склучени договори:
– T-Мобиле Македонија АД за мобилни комуникации Скопје
– ОНЕ телекомуникациски услуги ДОО Скопје
– Друштво за комуникациски услуги ВИП Оператор Дооел

и) Трговски центри и други други деловни простории
Список на Трговски центри и други деловни простории кои имаат склучено договор со ЗАМП

ј) Интернет услуги – склучени договори:
-Друштво за производство промет и услуги Еден ЦМ ДОО Експорт Импорт Скопје
– Греј Ворлдвајд ЛТД Дооел Скопје

k) Салони за забава
Список на салони за забава кои имаат склучено договор со ЗАМП

л) Одморалишта и планинарски домови
– Алкалоид АД Скопје за одмаралиште Стар Дојран

Заклучно сo 2015 година вкупниот број на склучени договори со корисници на авторски музички дела изнесува:

– 50 – комерцијални трговски радиодифузни друштва- радија ;
– 55-комерцијални трговски радиодифузни друштва – телевизии;
– Договор со Јавното Претпријатие МРТ ;
– 65-договори со кабелски оператори-Генерален лиценцен ;
– 67-договори со кабелски оператори-Лиценцни договори ;
– 279 -договори за посредување во областа на културата ;
– 93 -договори за издавање на носач на звук ;
– 44-договори за утврдување на надоместоци за јавно соопштување на авторски музички дела – Хотели ;
– 43-договори за утврдување на надоместоци за јавно соопштување на авторски музички дела – Ресторани ;
– 83- договор (Пицерии, Кафичи);
–    7- договори со дискотеки
–    6- договори за концертна дејност ;
– 14-договори со трговски центри и супермаркети ;
–   3-договори по основ на користење на ринг тонови и полифони мелодии
–   2-договори за даунлодирање и
–   3-договори за забава


 

КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИ КОИ СЕ ДОЛЖНИ ДА ПЛАЌААТ НАДОМЕСТ ЗА ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА МУЗИЧКИ ДЕЛА :

-Организатори на концерти, музички фестивали, музички свечености, музичко натпреварување и сл.
-Организатори на ревија на мраз, кабаре, балет, модна ревија, избор на убавица, демонстрација на производи, циркуска, артистичка или слична приредба и сл.
-Угостителски објекти, диско клубови, ноќни барови, кафе-барови, ресторани и сл.
-Хотели
-Трговски центри, стоковни куќи, бензиски пумпи, супермаркети, продавници, бутици и сл.
-Занаетчиски дуќани (берберски или фризерски салони), салони за масажа и козметика, слаткарници и сл.
-Одморалишта и планинарски домови
-Саеми
-Службени простории со масовен пристап на странки(банки,туристички агенции)
-Превозни средства (авиони, автобуси, возови, бродови, такси возила и сл.)
-Чекалници и станици (автобуски станици, железнички станици, бродски пристаништа и аеродроми)
-Кино сали
-Телеком услуги
-Музеи, галерии, на изложби
-Салони за забава и игри на среќа (обложувалници, билијард, автомати, флипери и сл.)
-Забавни паркови
-Спортски простори, лизгалишта, базени и сл.
-Школи за играње
-Центри за аеробик, фитнес и салони за убавина (козметика и масажа)
-Свирачи поединци
-Јавно Радиодифузно претпријатие
а)Македонска радио телевизија
-Трговски Радио Дифузни друштва
а)Радио
б)Телевизија
-Сателитско емитување
-Кабелско реемитување
-Интернет услуги (Интернет радио, стриминг, Даунлоудирање на музички дела)