Почитувани,

Ве известуваме дека со Одлука на Собранието на ЗАМП бр.25-1-0201 од 02.02.2017 година, СЕ СТАВА ВОН СИЛА ЗАБРАНАТА ЗА ЈАВНО ЕМИТУВАЊЕ АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ДЕЛА од репертоарот на ЗАМП, што со Одлука на Собранието на ЗАМП беше донесена на 17.09.2016 година.

Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП,  надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарува на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната и со тоа дадоа безрезервна поддршка на авторите да ги остварат нивните загарантирани уставни и законски права.

Им се заблагодаруваме и на здруженијата од Србија, Хрватска,Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на страната на ЗАМП и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар  во земјава.

Авторите чии права ги штити ЗАМП, свесни дека со забраната ги лишија македонските корисници од задоволството да слушаат домашна музика, се уверени дека никогаш повеќе нема да се повтори таков чин, кој беше израз на револт против незаконските постапки на надлежните институции.

Согласно договорите за реципроцитет и колективните организации  SOKOJ- Србија, HDS ZAMP– Хрватска, SAZASСловенија, PAM-Црна Гора, AMUS-Босна и Херцеговина и RICOM Publishing лиценциран партнер на групацијата Univerzal Music Publishing (за териториите на Србија,Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) исто така ја ставаат вон сила и нивната забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од нивниот репертоар.

Со почит.

 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  НА  ЗАМП

 Проф.Живоин Глишиќ


Одлука на собрание    (превземи/погледни)