Согласно член 135–а  став (1) од Законот за авторско право и сродните права  “Сл.весник на РМ” број 115/10, 51/11.147/13.154/15 и 27/16 заради електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП инсталира кај радио-телевизиските организации систем за електронско евидентирање на емитуваните авторски дела (во натамошниот текст: систем за електронска евиденција). Преку системот за електронска евиденција се врши електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела односно предмети на сродни права.

Врз основа на член 135-в ЗАМП став ((6) од ЗАПСП, ЗАМП  изработи и ќе им овозможи на авторите и носителите на авторски права, увид во податоците од системот за електронска евиденција  кои се однесуваат на нивните емитувани авторски дела. повеќе

Врз основа на член 135-в ЗАМП став (7) ЗАМП изработи и ќе овозможи  на радио дифузните  организации увид во податоците од системот за електронска евиденција кои се однесуваат на Вашата емитувана програма во која се содржани авторски дела. повеќе