Во последните неколку години се искажани клевети и невистини за работата на ЗАМП и дека многу автори поради тие причини истапиле од членство и го напуштиле ЗАМП.
Ја користиме оваа можност да ја известиме јавноста и членството дека вакви барања за истапување од членство не се присутни, туку напротив членството од година во година се зголемува.
Како поткрепа на погоре наведеното е приемот на 52 нови членови на ЗАМП на 11-та седница на Управниот одбор на ЗАМП одржан на 22.12.2016 година, а врз основа на чл. 33 од Статутот на ЗАМП по претходно поднесени пристапници.
Вкупниот број на автори и носители на авторски права кои пристапиле како членови на ЗАМП во календарската 2016 е 107.