Состанокот се одржа на 25.10.2017 година во просториите на ЗАМП, а учество земаа претставници од авторските друштва од Словенија (SAZAS), Хрватска (HDS-ZAMP), Босна и Херцеговина (AMUS), Србија (SOKOJ) и Црна Гора (PAM).

           Присутните ги поздрави и средбата ја отвори министерот за култура на РМ, Г-дин Роберт Алаѓозовски. Теми на разговор беа соработката на авторските друштва во доменот на дигиталните сервиси, мониторингот на програмите од радиодифузно емитување, а секако централно место имаше имплементацијата на Европската Директива за колективно управување и нејзино имплементирање во локалните законодавства.