На 12/09/2018 година Европскиот парламент во Стразбур го усвои Предлогот на ЕУ директивата за авторското право на дигиталниот пазар за која од вкупно 703 парламентарци,438 гласаа за ,226 биле против, а 39 останале воздржани.

Европскиот парламент во јули оваа година го отфрли предлогот што претходно беше усвоен од страна на надлежната Комисија за правни прашања, а пратениците на 12.09.2018 година повторно гласаа за тој предлог.

Со усвојувањето на предлог директивата на ЕУ за авторското право на авторите на музика, филмови, изведувачи, писатели и новинари директно ќе им се овозможи да бидат платени за својот труд кога тој ќе се користи од страна на глобалните интернет платформи како YouTube, Google,Apple, Facebook,Amazon и други, а со тоа тие би требало да добијат правичен надомест од користењето  на нивните дела.

Со членот 13 на Предлог на ЕУ директивата одговорноста за контрола на користењето на авторски содржини целосно се префрлeни на конкретни интернет страници, притоа воведувајќи ја идејата за автоматски филтри на содржини.

Посебно голем придонес за изгласувањето на Предлогот на ЕУ директивата, лобирањето и активностите околу конечниот епилог имаат CISAC (International Confederation of Societies of Authors and Composers) и GESAC (European Grouping of Societies of Authors and Composers). За таа намена од страна на CISAC и GESAC беше изготвено и видео во кое користејќи хумор беше истакната  многу сериозна порака до Европскиот парламент. Линк до видеото: https://youtu.be/Di6a5Qfa7ns