ЈАВЕН ПОВИК


 Врз основа на чл.16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП-Скопје, се повикуваат членовите на Здружението на Седница на автори, која ќе се одржи на 26.01.2019 година (сабота) со почеток во 13,00 часот во хотел “Александар Палас” Скопје (Конгресна сала 4).

           Списокот на носителите на авторски права кои се членови на ЗАМП е истакнат на интернет страната на ЗАМП www.zamp.com.mk.

           На седницата ќе се расправа по следниот дневен ред :

         1.Поднесување на Извештај за финансиското работење на ЗАМП за периодот 2015-2018 година.

          2.Избор на претседавач кој ќе раководи со седницата и избор на комисија која ќе изврши проверка на документацијата за исполнување на условите на кандидатите и пребројување на гласачките ливчиња.

          3.Предлагање и утврдување на кандидати за претставници на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП.

             4.Разно

Напомена: На сите носители на авторски права членови на ЗАМП, кои не се жители на Скопје, ќе им бидат рефундирани  трошоци  во износ од  900.00 денари  на нивните трансакциски сметки, откако ќе го потврдат присуството со своерачен потпис.    
(За сите што ќе дојдат со сопствено возило обезбеден  е бесплатен  паркинг)

                                                Претседател на Собранието

                                                 на ЗАМП

                                                   проф.Живоин Глишиќ с.р.