Согласно членовите 13,16,17,18,19,20 и 33 од Статутот на ЗАМП на 26.01.2019 година во Хотел Александар Палас со почеток во 13,00 часот, беше одржана Седница на членови на Здружението за избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП.

Врз основа на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието чиј избор е извршен со таjно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Ванчо Тарабунов, Илчо Јованов и Жарко Масларковски по пребројувањето на гласовите ги објави резултатите .

За членови на Собранието  се избрани авторите и тоа:

  1. Александар Масевски
  2. Борче Нечовски
  3. Горан Алачки
  4. Дарко Димитров
  5. Дарко Тасев
  6. Ѓорги Крстевски
  7. Живојин Глишиќ
  8. Кристијан Габроски
  9. Љупчо Соколовски
  10. Милан Завков
  11. Никола Автовски
  12. Николче Мицевски
  13. Орце Лазаров
  14. Сашо Ливрински
  15. Тодор Завков
  16. Томислав Которчевиќ

Истиот ден, согласно на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Надзорниот одбор, чиј избор е извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на седницата, во состав: Ванчо Тарабунов, Илчо Јованов и Жарко Масларковски по пребројување на гласовите ги објави резултатите.

За членови на Надзорен одбор се избрани авторите:

1. Ванчо Тарабунов

2. Влатко Стефановски

3. Ефто Пупиновски

4. Зоран Џорлев

Мандатот на новоизбраните членови на Собранието и Надзорниот одбор започнува од 01.06.2019 година, по истекот на мандатот на сегашниот состав на Собранието и Надзорниот одбор кој е до 31.05.2019 година.