Врз основа на  чл. 24 алинеја 14 од Статутот на ЗАМП, Управниот Одбор на својата четврта седница одржана на 23.05.2019 година, ја избра за вршител на должност – в.д. директор на ЗАМП г-ѓа Нина Ивановска за период од шест (6) месеци. Нина Ивановска доаѓа од местото Шеф на финансии во ЗАМП. Одлуката стапува во сила од 01.08.2019 година, по завршувањето на мандатот на Директорот Зоран Васковски.