На првата седница на Собранието на ЗАМП одржана на 27.05.2019 година (понеделник) со почеток во 18.30 часот , врз основа на член 12 од Статутот и член 5 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП , со тајно гласање со мнозинство на гласови од присутните, е донесена одлука за избор на проф.Живоjин Глишиќ за претседател на Собранието на ЗАМП. Како овластено лице во негово отсуство е избран авторот Борче Нечовски. Новоизбраните членови на Собранието се со мандат од 4 години, чиј мандат започнува од 01.06.2019 година.
На истата седница на Собранието на ЗАМП, врз основа на членовите 22 и 23 од Статутот и членовите 10,11 и 13 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП се избрани членовите на Управниот одбор на ЗАМП и тоа :

– Александар Ристовски

– Весна Малинова

– Владимир Дојчиновски

– Георги Барбаровски

– Дарко Илиевски

– Лазар Цветкоски

– Огнен Неделковски

– Славе Димитров

Согласно член 22 од Статутот на ЗАМП и член 10 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП, со тајно гласање со мнозинство на гласови од присутните, за претседател на Управниот одбор на ЗАМП е избран авторот Славе Димитров. Како овластено лице во негово отсуство е избран авторот Георги Барбаровски. Претседателот на Управниот одбор и членовите на Управниот одбор се со мандат од 4 години, чиј мандат започнува од 01.06.2019 година.