НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА


Не. Авторите единствено треба да ги пополнат формуларите за членство и потоа да ги пријавуваат своите дела кои ЗАМП ќе ги штити.

Авторскиот хонорар зависи од тоа колку пати било изведено делото на радио, тв, јавни објекти и надоместокот кој е наплатен за тоа.

Да, треба да платите РТВ претплата, која е предвидена со законот за радиодифузна такса, која се плаќа за поседување на радио и ТВ приемник. Средствата остварени од претплатата се примарен извор за работа и развој на МРТ.

Не. Домот е ваша лична сопственост, а не е јавен објект. За користење на музика во јавен објект се плаќа авторски надомест на ЗАМП. Ако некој носач на звук (на пример ЦД) го слушате во домот или автомобилот не се плаќа авторски надомест бидејќи тоа е ваша лична сопственост. Но ако истото ЦД го користите во угостителски објект (на пример кафе бар), тогаш треба да се плати авторски надомест.

Во Службен Весник на РМ бр.147 од 28.10.2013 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.Горе наведениот Закон стапи во сила на 05.11.2013 год. Согласно чл. 137 од Законот за авторското право и сродните права, ЗАМП нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници, и не може договорно да ја пренесе обврската за јавно соопштување на музички дела на приредби (свадби или слични приватни веселби) .Корисник може да биде физичко или правно лице кое за вршење на дејноста користи авторски музички дела (хотел, ресторан или друг угостителски објект).

На музичарите сте им платиле хонорар за изведувачките права . Песните кои ги исполнуваат музичарите се нечие авторско дело, за кое е предвидено плаќање авторски надомест согласно на Правилникот со Тарифа за користење на авторски музички дела.

Собраните средства од корисниците на музика, а врз основа на изведените дела наведени во програмите, ЗАМП ги рапределува на авторите без разлика дали се домашни или странски

ЗАМП врши колективно остварување на правата и согласно ЗАПСП не е можно индивидуално остварување на овие права, поради карактерот на авторскЗАМП врши колективно остварување на правата и согласно ЗАПСП не е можно индивидуално остварување на овие права, поради карактерот на авторските дела.ите дела.

Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт.

На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Авторското право е единствено право и неразделно од авторското дело. Тоа содржи исклучиви морални и материјални права. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело. За секое искористување на авторското дело од други лица на авторот му следува надоместок.

Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. Како автор се смета лице чие име, псевдоним, код, или друг знак, на вообичаен начин е означен на делото, односно неговите примероци или е наведен при објавувањето на делото, додека не се докаже спротивното, во согласно со законот.

Авторското дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста , науката, уметноста и од другите области на творештвото независно од видот, начинот и формата на изразување.

Не. ЗАМП ги штити само авторите на музика, а тоа се: композиторите, текстописците и аранжерите на музика.

Подеднаква заштита според законот уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Р.Македонија , односно имаат свое седиште во Р.М, како и странски автори и странски носители на сродни права согласно со меѓународните договори, ратификувани од Р. Македонија.

ЗАМП наплатува авторски надомест за секое јавно изведување, односно објавување на музички дела, а воедно и собира податоци за користените дела. Добиените податоци се обработуваат, а потоа се врши распределба и исплата на авторски хонорар.
Линкови до Здруженија со кои ЗАМП има склучено договори за реципрочно застапување за мали права

Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП е здружение на автори кое колективно ги остварува и штити авторските права на своите членови и другите носители на права. Како автори на музички дела се: композиторот, авторот на текст и аранжерот. ЗАМП работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување на авторски музички дела. Надлежен државен орган за надзор над актите и работењето на ЗАМП е Министерството за култура на Р. Македонија.