02/11/2017 Известување – Објавување на Правилникот со Тарифа на ЗАМП

        Со Одлука на Владата на РМ бр.44-61301 од 03.10.2017 година, објавена во Сл.весник на РМ бр.152/17, дадена е согласност на Правилникот со Тарифа за користење авторски музички дела бр.285-1-03 од 09/06/2016 год на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП. Повеќе

     Согласно чл.140-а став 6 од ЗАПСП Сл.весник на РМ(115/10,140/10,51/11,147/13,154/15 и 27/16) Правилникот со Тарифа за користење авторски музички дела бр.285-1-03 од 09/06/2016 год. на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП објавен е во Сл.весник на РМ бр.153/17. Повеќе

        Во Службен весник на РМ бр.154/17 направена е исправка на техничка грешка во Правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела бр.285-1-03 од 09.06.2016 год. Повеќе

25/10/2017 ЗАМП – домаќин на 17-та Регионална средба на сестринските авторски друштва

         Состанокот се одржа на 25/10/2017 година во просториите на ЗАМП, а учество земаа претставници од авторските друштва од Словенија (SAZAS), Хрватска (HDS-ZAMP), Босна и Херцеговина (AMUS), Србија (SOKOJ) и Црна Гора (PAM).

          Присутните ги поздрави и средбата ја отвори министерот за култура на РМ, Г-дин Роберт Алаѓозовски. Теми на разговор беа соработката на авторските друштва во доменот на дигиталните сервиси, мониторингот на програмите од радиодифузно емитување, а секако централно место имаше имплементацијата на Европската Директива за колективно управување и нејзино имплементирање во локалните законодaвства.

25/09/2017 Известување за Решение за определување организација која се смета за овластена за прибирање надоместоци за користење авторски музички дела и нивна распределба


Министерството за култура на РМ со допис од 12/09/2017 год му достави на ЗАМП Решение УП1 Бр.52-2444 од 25/08/2017 година, врз основа на член 149 став (5) од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10, 51/11, 147/13, 154/15 и 27/16), за определување организација која се смета за овластена за прибирање надоместоци за користење авторски музички дела и нивна распределба. Повеќе

30/06/2017 Договори со кабелски оператори и ИПТВ

     Согласно Решението за давање дозвола за колективно управување бр. 54-5454/1 од 08.04.2011 година, објавено во Службен весник на РМ бр. 65/11, ЗАМП потпиша Договори за реемитување на музички содржини во телевизиски и радио програми на територија на Р. Македонија со кабелските и ИПТВ оператори. Договорите се применуваат од 01.01.2017 до 31.12.2019 година

      Согласно Решението за давање дозвола за колективно управување бр. 54-5454/1 од 08.04.2011 година, објавено во Службен весник на РМ бр. 65/11 и член 52 од Статутот на ЗАМП, потпишани се Генерални лиценцни договори во врска со дозволата за симултано, непроменливо и неограничено реемитување на телевизиски програми помеѓу имателите на права:

  • EBU Радиодифузните коорпорации, јавни радиодифузни организации
  • VG Media Коорпорација на приватните германски телевизиски канали
  • RTL International GmBH, групација на РТЛ германските канали

07/04/2017 Европски Комитет на CISAC, Москва

Европски Комитет на CISAC, Москва

Околу 100 професионалци од цела Европа и пошироко  се собраа на состанокот на Европскиот комитет за 2017 година, кој се одржа во Москва на 5-6 април 2017, успешно организиран од страна на руското авторско друштво РАО. Иако поминаа само три месеци по новите измени во целото раководтсво на РАО, директорот на РАО не запозна со започнатиот процес и трансформациите на РАО во современо, транспарентено друштво.

Главни теми на комитетот беа импликациите на blockchain технологија и вештачката интелигенција, вредноста на социјалните и културните одбивања и одлуките  на Европскиот суд  за правда во врска со ова прашање, како и одлуките на овој суд по прашања поврзани со колективното остварување на правата. Голем интерес имаше и по прашањето на измените во управувачкиот модел на CISAC.

Во делот на национални извештаи имавме можност да го запознаеме собирот и со случувањата во 2016 година во врска со колективното оставрување на авторските права во Македонија, како и да искажеме голема благодарност до друштвата во регионот, CISAC, ICMP за поддршката која ни ја даваа во текот на целата година.

и кабелските и ИПТВ операторите во Р. Македонија. Во Договорите ЗАМП се јавува како претставник на имателите на права со право на колективно управување. Договорите се применуваат од 01.01.2017 до 31.12.2019 година.

25/03/2017 Конференција за соработка меѓу друштвата во регионот

Конференција за соработка меѓу друштвата во регионот и нивните регулаторни – владини институции

Во организација на Светската конфедерација на здруженија на автори и композитори CISAC на 23 март 2017 година во Загреб беше одржана конференцијата “Поттикнување на соработка помеѓу организациите за колективно управување на правата и регулаторните тела”.

На конференцијата присуствуваа претставници на здруженијата за колективно остварување на авторското право и сродните права и регулаторните државни органи, министерствата за култура и за интелектуална сопственост од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

Генералниот директор на CISAC, Gadi Oron, во својот говор, ја претстави работата и активностите на организацијата. CISAC, обединува 239 организации од 124 земји, а исто така ги претставува интересите на над 4.000.000 креативни уметници. Oron стави акцент на потребата за подобра соработка помеѓу институциите и организациите кои ги спроведуваат авторските права во регионот. “Заштита на креативните луѓе е да се заштити култура и економија, но и затоа што тие имаат важна економска улога”, рече Oron. Исто така, ја истакна и Студијата направена од страна на фирмата Е & Ц, која покажува дека културните и креативни индустрии (KKI) на годишно ниво генерираат приходи од 2.250 милијарди долари, што е 3 проценти од светскиот БДП. Креативните индустрии вработуваат речиси 30 милиони луѓе и се главниот двигател на дигиталната економија.

Во име на Државниот завод за интелектуална сопственост, на учесниците им се обрати и директорот на Лилјана Кутеровац. Таа истакна добрата соработка меѓу Институтот и здруженија во Хрватска и посака сличен развој на односите меѓу колективните организации и регулаторните тела од соседните земји.

На конферецијата Директорот за Централна и Источна Европа, Митко Чаталбашев, ја истакна потребата од one-stop shop при оставрувањето на заштитата од страна на колективните организации.

Имлементирањето на новата Европска директивна, која се оснесува на колективното оставрување на правата, секако беше главна тема која дирекно ги засега регуларорните тела, кои имаат обрвска да ја стават во функција во домашните законодавства, како и колективните организации, кои истите директиви треба да ги применат.

Конференцијата за прв пат ги собра на иста маса колективните организации и нивните регулаторни тела околу клучните прашања поврзани со колективно управување на авторското право и сродните права.

25/03/2017 Регионална средба во Загреб

16 Регионална средба се одржа во Загреб на 22 март 2017 година во просториите на ХДС-ЗАМП, каде присуствуваа претставници од АМУС, ХДС ЗАМП, ПАМ, САЗАС, ЗАМП и СОКОЈ.

Главни теми беа имплементацијата на Европската директива за колективно остварување на права, која веќе е влезена во законодавството на Словенија, а е во фаза на усвојување во Хрватска. Актуелните случувања во регионот во однос на законските измени, исто така беа дел од дискусиите на регионалната средба.

02/02/2017 ОДЛУКА НА СОБРАНИЕ НA ЗАМП

Почитувани,

Ве известуваме дека со Одлука на Собранието на ЗАМП бр.25-1-0201 од 02.02.2017 година, СЕ СТАВА ВОН СИЛА ЗАБРАНАТА ЗА ЈАВНО ЕМИТУВАЊЕ АВТОРСКИ МУЗИЧКИ ДЕЛА од репертоарот на ЗАМП, што со Одлука на Собранието на ЗАМП беше донесена на 17.09.2016 година.

Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП,  надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарува на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната и со тоа дадоа безрезервна поддршка на авторите да ги остварат нивните загарантирани уставни и законски права.

Им се заблагодаруваме и на здруженијата од Србија, Хрватска,Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на страната на ЗАМП и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар  во земјава.

Авторите чии права ги штити ЗАМП, свесни дека со забраната ги лишија македонските корисници од задоволството да слушаат домашна музика, се уверени дека никогаш повеќе нема да се повтори таков чин, кој беше израз на револт против незаконските постапки на надлежните институции.

Согласно договорите за реципроцитет и колективните организации  SOKOJ- Србија, HDS ZAMP– Хрватска, SAZASСловенија, PAM-Црна Гора, AMUS-Босна и Херцеговина и RICOM Publishing лиценциран партнер на групацијата Univerzal Music Publishing (за териториите на Србија,Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) исто така ја ставаат вон сила и нивната забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од нивниот репертоар.

Со почит.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  НА  ЗАМП

 Проф.Живоин Глишиќ

03.01.2017 Известување за системот за електронска евиденција

Согласно член 135–а  став (1) од Законот за авторско право и сродните права  “Сл.весник на РМ” број 115/10, 51/11.147/13.154/15 и 27/16 заради електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП инсталира кај радио-телевизиските организации систем за електронско евидентирање на емитуваните авторски дела (во натамошниот текст: систем за електронска евиденција). Преку системот за електронска евиденција се врши електронско евидентирање, обработка на податоци, следење и контрола над емитуваните авторски дела односно предмети на сродни права.

Врз основа на член 135-в ЗАМП став ((6) од ЗАПСП, ЗАМП  изработи и ќе им овозможи на авторите и носителите на авторски права, увид во податоците од системот за електронска евиденција  кои се однесуваат на нивните емитувани авторски дела. повеќе

Врз основа на член 135-в ЗАМП став (7) ЗАМП изработи и ќе овозможи  на радио дифузните  организации увид во податоците од системот за електронска евиденција кои се однесуваат на Вашата емитувана програма во која се содржани авторски дела. повеќе