АРХИВА 2015 год
21/12/2015 Обраќање до Европската Комисија од страна на CISAC, GESAC и IFPI
Како резултат на здруженото писмо на CISAC/GESAC/IFPI од 26 Октомври 2015 год. испратено до Комисијата, како и дискусијата на средбата одржана на 17 Ноември 2015год., сакаме да Ви ги посочиме понатамошните детали во врска со инкомпатибилноста на новите одредби на Законот за авторски права на Македонија со ЕУ легислативата, особено одредбите поврзани со ограничувањето на надоместокот за радиодифузно емитување и исклучувањето на одредени корисници од плаќањето за експлоатирање на правата за јавно емитување.
линк – Обраќање до Европската Комисија од страна на CISAC, GESAC и IFPI
29/10/2015 Резолуција по однос измените на ЗАПСП
На Техничкиот Комитет за Медиуми одржан во Дубровник од 15-16.10.2015 год беше донесена Резолуција по однос на Измените и дополнувањата на Законот за авторскот право во Македонија со која се повикуваат надлежните органи во Македонија да ги укинат штетните измени и дополнувања на ЗАПСП.
линк – Резолуција по однос на Измените и дополнувањата на Законот за авторскот право во Македонија
Како информација Ви ја доставуваме и заедничката реакција од страна на Меѓународната конфедерација на друштва на автори и композитори CISAC, Европската групација на друштва на автори и комопозитори GESAC и Меѓународната федерација на фонограмската индустрија IFPI, која е проследена до Европската комисија во Брисел, а се однесува на измените и дополнувањата на ЗАПСП.
линк – Обраќање до Европската Комисија од страна на CISAC, GESAC и IFPI
15/10/2015 Измени на ЗАПСП
Почитувани автори,
На седница на Собранието на РМ на 27.08.2015 година по скратена постапка беше изгласан и објавен во Сл. Весник на РМ бр. 154/15 Законот за измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права.
Донесените измени се донесени без да ни се даде можност да го изразиме нашиот став и мислење на јавна расправа. Вака како што се донесени измените на законот ја деградираат приватната – ексклузивна природа на авторските права и преку наметната законска регулатива се спречуваат авторите сами да ги одредуваат економските услови за користењето на нивните дела.
Предложените измени се спротивни на ратификуваните меѓународни прописи, членот 11 bis на WIPO, член 3 од Директивата на ЕУ (2001/29/ЕС) и истите се косат и со основните начела од Уставот на РМ.
Во прилог Ви го доставуваме обраќањето на CISAC до авторитети во РМ за итно укинување на овие одредби од ЗАПСП со кои се врши грубо кршење на меѓународното право. Обраќање од CISAC (линк)
29/09/2015 Регионална средба во Љубљана
На 29.09.2015 година во Љубљана се одржа 12- тата по ред Регионална средба на која што домаќин беше Словенечкото авторско друштво SAZAS. На средбата присуствуваа претставници од авторските друштва во регионот : ЗАМП – Македонија, HDS ZAMP – Хрватска, AMUS – Босна и Херцеговина , PAM – Црна Гора, SOKOJ – Србија и SAZAS – Словенија.
На регионалната средба се работеше по следниот Дневен ред :
-Процесот на примена на европската директива 2014/26/ЕУ
– Дигиталните сервиси и дигиталното лиценцирање
-Актуелните случувања и измени во Законодавството во регионот
На состанокот се разменија искуства на колективните организации во регионот, можностите за уште поголема соработка и се донесе Заклучок во писмена форма со најостра реакција по повод измените и дополнувањата на ЗАПСП кој по скратена постапка беше донесен во РМ. (линк)
06/07/2015 Избор на Директор на ЗАМП
Согласно чл. 24 и 61 од Статутот на ЗАМП и објавениот конкурс за избор на Директор на ЗАМП во дневниот информативен весник „Нова Македонија„ на ден 17.06.2015 година, Управниот одбор на ЗАМП на својата втора седница одржана на 02.07.2015 година со едногласна одлука го избра кандидатот Зоран Васковски од Скопје за Директор на Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП за време од 4 (четири) години
05/06/2015 Склучен Договор со YOU TUBE
Покрај веќе потпишаните договори со дигиталните сервиси Google Play и Google VOD , на 01.06.2015 година потпишан е и Договор со дигиталниот online сервис YOUTUBE.
03/06/2015 Известување за избор на претседател на Надзорен Одбор
На првата седница на Надзорниот одбор на ЗАМП одржана на 02.06.2015 година (вторник) со почеток во 19 часот, врз основа на член 30 од Статутот и член 5 од Деловникот за работа на Надзорниот одбор едногласно за претседател е избран авторот Георги Барбаровски, а во негово отсуство како овластено лице е избран авторот Ефто Пупиновски. Претседателот и новоизбраните членови на Надзорниот одбор се со мандат од 4 години.
03/06/2015 Известување за избор на членови и претседател на Управен Одбор
На првата седница на Собранието на ЗАМП одржана на 01.06.2015 година (понеделник) со почеток во 19 часот , врз основа на член 12 од Статутот и член 5 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП едногласно е донесена одлука за избор на проф.Живоjин Глишиќ за претседател на Собранието на ЗАМП со мандат од четири години. Како овластено лице во негово отсуство е избран авторот Кире Костов.
На истата седница на Собранието на ЗАМП, врз основа на членовите 22 и 23 од Статутот и членовите 10,11 и 13 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП се избрани членовите на Управниот одбор на ЗАМП и тоа :
– Милан Завков
– Ванчо Тарабунов
– Весна Малинова
– Борче Нечовски
– Григор Копров
– Ванчо Јовчев
– Николче Мицевски
– Љупчо Соколовски
Согласно член 22 од Статутот на ЗАМП и член 10 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП за претседател на Управниот одбор на ЗАМП е избран авторот Григор Копров. Претседателот на Управниот одбор и членовите на Управниот одбор се со мандат од 4 години.
24/04/2015 Известување за одржаната Седница на членови на ЗАМП за избор на членови на Собрание
Согласно Членовите 13,16,17,18,19 и 20 ст.1 од Статутот на ЗАМП на 18.04.2015 год. во Театар Комедија-Скопје беше одржана Седницата на членови на Здружението за избор на членови на Собранието на ЗАМП.
Врз основа на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието одбор чиј избор е извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Милан Завков, Владимир Дојчиновски и Стеван Христовски по пребројувањето на гласовите ги објави кандидатите.
За членови на Собранието се избрани авторите и тоа :
1. Живојин Глишиќ
2. Зоран Џорлев
3. Дарко Тасев
4. Бодан Арсовски
5. Горан Алачки
6. Сашо Ливрински
7. Ристо Самарџиев
8. Кире Костов
9. Миле Барбаровски
10. Љупчо Трајковски – Фис
11. Шпенд Ахмети
12. Роберт Билбилов
13. Илчо Јованов
14. Орце Лазаров
15. Влатко Плевнеш
16. Гоце Џуклески
Мандатот на новоизбраните членови на Собранието започнува од 31.05.2015 год по истекот на мандатот на сегашниот состав на Собранието кој е до 30.05.2015 год.
02/04/2015 Известување за исплата на авторските хонорари за 2014 год
Врз основа на член 147 став 7 од ЗАПСП (Сл.Весник на РМ бр.115/10;140/10;51/11 и 147/13) , а согласно Правилникот за распределба на авторските надоместоци на Здружението за заштита на авторски музички права-“ЗАМП”, објавен во Службен весник на РМ бр.141/14, направена е конечна пресметка за репартиционата 2014 год. Ве известуваме дека авторскиот надоместок е уплатен на индивидуалните трансакциски сметки на авторите на 31.03.2015 год.
Согласно член 45 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци имате право да поднесете Приговор со докази доколку сте незадоволни со извршената пресметка до ЗАМП во рок од 1 месец од приемот на поединечната пресметка.
По приговорот одлучува Управниот одбор, по прибирање на соодветно мислење од Стручната служба, најдоцна во рок од еден месец.
Приговорот во писмена форма заедно со доказите треба да го доставите на адреса:
ЗАМП ул. “Митрополит Теодосиј Гологанов” бр 28 (4 кат) 1000 Скопје.
Со одлука на Собранието на ЗАМП авторските надоместоци под 100,00 ден. не се исплатуваат.
Напомена :
Врз основа на новото банкарско работење, трансферот на средства може да се изврши само преку трансакциска сметка. Доколку немате доставено до стручната служба ваков вид на сметка, ЗАМП нема да биде во можност да го исплати авторскиот надоместок. Образецот ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА АВТОР можете да го најдете на нашата веб страна во делот – АВТОРИ.
ВАЖНО !!!
На исплатените авторски хонорари немате обврска да платите придонеси согласно Законот за придонеси од задожително социјално осигурување и да ги пријавите во Фондот за пензиско осигурување на РМ, бидејќи истите се однесуваат за календарската 2014 година, а се исплатени согласно чл. 144 став 7 од Законот за авторското право и сродните права на РМ.