23/12//2013  Известување од Осмата седница на Собранието

Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП од Скопје на својата Осма седница одржана на 20.12.2013 година, постапувајќи по разгледувањето на работата на поедини членови на УО на ЗАМП, врз основа на член 13 алинеја 8 од Статутот на ЗАМП и чл.4 алинеја 8 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП, донесе одлука да се разрешат од   членови на УО на ЗАМП авторите Кристијан Габроски и Огнен Неделковски.
Оваа одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување.
На истата седница Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП, врз основа на членовите 13,22 и 23 од Статутот на ЗАМП и чл.4 алинеја 8 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП со јавно гласање донесе одлука да се изберат авторите Сашо Ливрински и Ванчо Јовчев за членови на Управниот одбор на ЗАМП, на местото на разрешените Огнен Неделковски и Кристијан Габроски. Мандатот на Сашо Ливрински и Ванчо Јовчев ќе биде до 14.06.2015 година до кога трае и мандатот на сите членови на Управниот одбор на ЗАМП.
Оваа одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

17/12//2013  Изменување и дополнување на Статутот на ЗАМП

Врз основа на чл.156 став 3 од ЗАПСП (Сл. Весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11 и 147/13) Министерството за култура на РМ донесе решение бр.56-13178/2 од 28.11.2013 год. за давање на согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЗАМП. Пречистениот текст на Статутот донесен на 18.11.2013 год. заведен под бр. 354-1-0201 од 19.11.2013 год. е поставен на веб страната на ЗАМП во делот – законска регулатива.

17/12//2013 Усвојување на Правилникот за распределба на авторски надоместоци

На ден 02.12.2013 год. Собранието на ЗАМП го усвои Правилникот за распределба на авторските надоместоци бр.384-1-03 од 03.12.2013 и истиот е објавен во Службен весник на РМ бр.169/13 од 05.12.2013 година.


01/11//2013
Известување до корисниците – хотели, ресторани и други угостителски објекти

        Во Службен Весник на РМ бр.147 од 28.10.2013 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Горе наведениот Закон влегува во сила на осмиот ден од денот на објавувањето во Службен Весник на РМ.
Согласно чл. 137 од Законот за авторското право и сродните права, ЗАМП нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници, и  не може договорно да ја пренесе обврската за јавно соопштување на музички дела на приредби  (свадби или слични приватни веселби) .Корисник може да биде физичко или правно лице кое за вршење на дејноста користи авторски музички дела (хотел, ресторан или друг угостителски објект).

15/10//2013 Известување за престанок на функцијата Претседател на Собранието на ЗАМП и избор на нов Претседател на Собранието на ЗАМП
На Четвртата седница на Собранието на ЗАМП одржана на 02.10.2013 год. Претседателот на Собранието на ЗАМП проф. Димитрије Бужаровски поднесе неотповиклива оставка.
Согласно чл.12 и 13 од Статутот на ЗАМП, како и чл.5 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП, на Петтата седница на Собранието одржана на 14.10.2013год. за нов Претседател на Собранието, на предлог на повеќе членови на Собранието, едногласно е избран проф. Живоин Глишиќ, чија функција и мандат ќе биде до 14.06.2015 год. , до кога трае и мандатот на сите членови на Собранието на ЗАМП.

15/07/2013
Известување за исплата на авторските хонорари за 2012 год

Врз основа на Правилникот за распределба на авторските надоместоци на Здружението за заштита на авторски музички права-“ЗАМП”, објавен во Службен весник на РМ бр.154/2011, направена е конечна пресметка за репартиционата 2012 год. Авторскиот надоместок е исплатен на индивидуалните трансакциски сметки на авторите на 11.07.2013 год. повеќе

08/05/2013 Билатерален договор со ASCAP
      
Во мај 2013 година склучен е билатералниот договор помеѓу ЗАМП и најголемото американско здружение за заштита на авторски музички права  ASCAP (American society of composers, authors and publishers). Во ASCAP остваруваат заштита преку 460.000  автори  и издавачи .

24/01/2013 Заклучок од одржаните седници на надлежните органи на ЗАМП (Собрание, Управен Одбор и Надзорен одбор)

На седниците одржани на ден 23.01.2013 год., а во врска со информациите и написите на медиумите за работата на ЗАМП, беше донесен Заклучок од надлежните органи на ЗАМП (Собрание, Управен одбор и Надзорен одбор) повеќе