Собрание
Собранието е највисок орган на Здружението.
Собранието го сочинуваат 16 членови, чиј мандат трае 4 години, со право на повторен избор.
Член на Собранието може да биде член на ЗАМП, кој кумулативно исполнува најмалку 3 од следниве критериуми:
– најмалку 25 пријавени дела;
– чии права колективно се управувани од ова Здружение во непрекинато траење во последните 5 пресметковни години;
– висината на надоместокот кој носителот на правото го остварил во последните 5 години да не е помал од 500 € (евра) во денарска противвредност годишно во континуитет;
– да е афирмиран автор, кој со својата работа дал придонес во развојот на музичкото творештво, македонската музика и заштитата на авторските права.
Собранието избира Претседател од редот на своите членови, со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието, со мандат од 4 години, со право на повторен избор. Претседателот ја организира работата на Собранието и се грижи за доследно спроведување на неговите одлуки.
Претседател на Собранието
Борче Нечовски
Овластено лице кое го заменува Претседателот на Собранието во негово отсуство
Сашо Ливрински
Членови на Собранието
Живојин Глишиќ
Борче Нечовски
Дарко Тасев
Александар Масевски
Горан Алачки
Сашо Ливрински
Дарко Димитров
Ѓорги Крстевски
Кристијан Габроски
Љупчо Соколовски
Милан Завков
Никола Автовски
Николче Мицевски
Орце Лазаров
Тодор Завков
Томислав Которчевиќ