Управен одбор
Управниот одбор го сочинуваат 8 членови.
Членовите на Управниот одбор ги избира Собранието за време од 4 години, со право на повторен избор.
Предлагањето и утврдувањето на кандидати за членови на Управниот одбор го врши Собранието со јавно гласање.
Член на Управниот одбор може да биде член на Здружението, кој кумулативно исполнува најмалку 3 од следниве критериуми:
– најмалку 50 пријавени дела;
– чии права колективно се управувани од ова Здружение во непрекинато траење во последните 7 пресметковни години;
– висината на надоместокот кој носителот на правото го остварил во последните 5 години да не е помала од 1500 € (евра) во денарска противвредност годишно во континуитет;
– да е афирмиран автор кој со својата работа дал придонес во развојот на музичкото творештво, македонската музика и заштитата на авторските права
Од избраните членови на Управниот одбор, Собранието избира Претседател со мнозинство гласови од присутните членови, со мандат од 4 години, со право на повторен избор.
Претседател на Управниот Одбор
Љупчо Павловски
Членови на Управниот одбор
Љупчо Павловски
Благојче Трајковски
Димитар Димовски
Орце Лазаров
Давор Јордановски
Деан Ќурчиев
Илија Ќосевски
Орце Зафировски