АВТОРИ
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Музиката е авторско дело. Авторот како носител на право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело.
ЗАМП е организација за колективно управување на авторските музички права, на носителите на авторски музички права . Во согласност со чл.135 ст.1 од Законот за авторското право и сродните права на РМ, ЗАМП издава дозвола за користење на авторски музички дела, а корисникот е должен во рок не подолг од 15 дена од користењето, да достави до ЗАМП целосни податоци за користените дела, местото и времето на користењето, и да изврши исплата на надоместоците. Врз основа на наплатените авторски надоместоци се врши пресметка и исплата на авторските хонорари како на домашните така и на странските автори. Согласно Законот за авторското право и сродните права на РМ странските автори и носители на права уживаат еднаква заштита како и домашните.
Остварувањето на правата на домашните автори надвор од РМ, како и на странските автори во РМ, ЗАМП ги остварува согласно на склучените договори со соодветни странски организации членки на Меѓународната конфедерација на Друштва на автори и композитори CISAC, која обединува 231 друштва од 121 земја во светот, со бројка над 4.000.000 автори.
Во РМ има 6946 автори кои остваруваат заштита на авторски музички права евидентирани при пресметката на авторските хонорари. ЗАМП има склучени договори или полномошна со 2569 домашни автори, кои се во нашата документација и имаат пријавено 61915 музички дела.
Како членови на ЗАМП со пристапни изјави се 2012 автори.
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото.
Музиката е авторско дело. Авторот како носител на право, има право на правичен надомест за секој вид користење на авторското дело.
Дали сте член на ЗАМП ?
Член на ЗАМП може да биде секој автор, односно носител на правата што колективно ги управува Здружението, што има државјанство на Р.Македонија, односно живееалиште или престојувалиште на територијата на Р.Македонија. Зачленувањето е доброволно и се врши со поднесување на посебен образец – Пристапница. Зачленувањето во ЗАМП не се наплаќа.
Секој автор, односно носител на авторски права за да може да остварува колективна заштита потребно е да ги пополни и достави следните документи : договор, образец – основни податоци за авторот и изјава за територијата односно општината на која има постојано место на живеење .Секој автор или носител на авторски права должен е своите дела (односно дела за кои стекнал право) да ги пријави во ЗАМП на пропишан образец – пријава на дело, со наведување на сите податоци кои влијаат на правилната заштита на авторските права и распределбата на авторските надоместоци. За точноста на податоците одговара поднесителот на пријавата. Пријавата која ќе ја поднесе еден од носителите на авторски права се прифаќа за точна се додека поинаку не се докаже. Подносителот на пријавата е одговорен спрема ЗАМП и спрема другите носители на авторско право за штетата која би произлегла од неточни и непотполни податоци. Авторот, покрај своето граѓанско име може да користи и псевдоним. Недозволено е да се користи псевдоним на веќе постоечко граѓанско име или псевдоним на некој автор, односно носител на права.Со пријавата на дело авторот го овластува ЗАМП да ги штити неговите авторски права на јавна изведба во земјата и во странство. Пријавите на дела доставени до ЗАМП до 31 декември влегуваат во пресметката за тековната година. Податоците за изменување и дополнување кои ќе стигнат по тој рок ќе се применат во следната пресметка на авторскиот надоместок. Основа за распределба на авторските надоместоци за музички дела создадени во соработка на повеќе лица (коавтори), е пријавата на делото, на која мора да бидат потпишани сите коавтори и во која треба да биде точно утврдено секое поединечно учество искажано во проценти.
Ако не е поднесена пријава или ако од пријавата не може да се утврди учеството на секој кооавтор поеднечно, распределбата се извршува на тој начин што на секој од кооавторите им припаѓа подеднаков дел од надоместокот.
Под аранжман (обработка) на авторско дело се подразбира напишаната преработка на оригинално дело, на пример: измена на формата, хармонијата, ритамот, изведувачкиот состав и сл.
За аранжман (обработка) на заштитено авторско дело потребно е писмено одобрение од авторот.
Аранжерот може да пријави обработка на традиционално дело или обработка на слободно дело (дело на автор починат пред повеќе од 70 години)
Музичкото дело (оригинално или обработка) се категоризира и определува согласно на ефективното траење на делото.
Ако делото не е пријавено,ЗАМП ја остварува заштитата врз основа на податоците со кои располага