АРХИВА 2019 год
06/12/2019 Известување до авторите за пријава на дела до крајот на годината
Ве потсетуваме, согласно член 15 став 4 од Правилникот за распределба на ЗАМП до 31.12.2019 година да ги пријавите своите непријавени дела со цел да бидат вклучени во пресметката за 2019 година.
28/05/2019 Известување за избор на членови и претседател на Управен Одбор
На првата седница на Собранието на ЗАМП одржана на 27.05.2019 година (понеделник) со почеток во 18.30 часот , врз основа на член 12 од Статутот и член 5 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП , со тајно гласање со мнозинство на гласови од присутните, е донесена одлука за избор на проф.Живоjин Глишиќ за претседател на Собранието на ЗАМП. Како овластено лице во негово отсуство е избран авторот Борче Нечовски. Новоизбраните членови на Собранието се со мандат од 4 години, чиј мандат започнува од 01.06.2019 година.
На истата седница на Собранието на ЗАМП, врз основа на членовите 22 и 23 од Статутот и членовите 10,11 и 13 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП се избрани членовите на Управниот одбор на ЗАМП и тоа :
– Александар Ристовски
– Весна Малинова
– Владимир Дојчиновски
– Георги Барбаровски
– Дарко Илиевски
– Лазар Цветкоски
– Огнен Неделковски
– Славе Димитров
Согласно член 22 од Статутот на ЗАМП и член 10 од Деловникот за работа на Собранието на ЗАМП, со тајно гласање со мнозинство на гласови од присутните, за претседател на Управниот одбор на ЗАМП е избран авторот Славе Димитров. Како овластено лице во негово отсуство е избран авторот Георги Барбаровски. Претседателот на Управниот одбор и членовите на Управниот одбор се со мандат од 4 години, чиј мандат започнува од 01.06.2019 година.
28/05/2019 Известување за избор на претседател на Надзорен Одбор
На првата седница на Надзорниот одбор на ЗАМП одржана на 27.05.2019 година (понеделник) со почеток во 11 часот, врз основа на член 30 од Статутот и член 5 од Деловникот за работа на Надзорниот одбор едногласно за претседател е избран авторот Ванчо Тарабунов, а во негово отсуство како овластено лице е избран авторот Ефто Пупиновски. Претседателот и новоизбраните членови на Надзорниот одбор се со мандат од 4 години, кој започнува од 01.06.2019 година.
28/05/2019 Избор на в.д. Директор на ЗАМП
Врз основа на чл. 24 алинеја 14 од Статутот на ЗАМП, Управниот Одбор на својата четврта седница одржана на 23.05.2019 година, ја избра за вршител на должност – в.д. директор на ЗАМП г-ѓа Нина Ивановска за период од шест (6) месеци. Нина Ивановска доаѓа од местото Шеф на финансии во ЗАМП. Одлуката стапува во сила од 01.08.2019 година, по завршувањето на мандатот на Директорот Зоран Васковски.
01/04/2019 Оглас за вработување
Врз основа на Член 22 став (1) и член 23 став (1) и став (2) од Законот за Работните односи и Правилникот за систематизација на работните места на вработените, Здружението за заштита на авторски музички права “ЗАМП” од Скопје на ден 01.04.2019 година во дневно информативниот весник „Нова Македонија„ го објави следниот оглас за вработување:
26/01/2019 Седница на автори членови на ЗАМП
Согласно членовите 13,16,17,18,19,20 и 33 од Статутот на ЗАМП на 26.01.2019 година во Хотел Александар Палас со почеток во 13,00 часот, беше одржана Седница на членови на Здружението за избор на членови на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП.
Врз основа на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието чиј избор е извршен со таjно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Ванчо Тарабунов, Илчо Јованов и Жарко Масларковски по пребројувањето на гласовите ги објави резултатите .
За членови на Собранието се избрани авторите и тоа:
- Александар Масевски
- Борче Нечовски
- Горан Алачки
- Дарко Димитров
- Дарко Тасев
- Ѓорги Крстевски
- Живојин Глишиќ
- Кристијан Габроски
- Љупчо Соколовски
- Милан Завков
- Никола Автовски
- Николче Мицевски
- Орце Лазаров
- Сашо Ливрински
- Тодор Завков
- Томислав Которчевиќ
Истиот ден, согласно на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Надзорниот одбор, чиј избор е извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на седницата, во состав: Ванчо Тарабунов, Илчо Јованов и Жарко Масларковски по пребројување на гласовите ги објави резултатите.
За членови на Надзорен одбор се избрани авторите:
1. Ванчо Тарабунов
2. Влатко Стефановски
3. Ефто Пупиновски
4. Зоран Џорлев
Мандатот на новоизбраните членови на Собранието и Надзорниот одбор започнува од 01.06.2019 година, по истекот на мандатот на сегашниот состав на Собранието и Надзорниот одбор кој е до 31.05.2019 година.

26/01/2019 Јавен повик за Седница на автори
ЈАВЕН ПОВИК
Врз основа на чл.16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП-Скопје, се повикуваат членовите на Здружението на Седница на автори, која ќе се одржи на 26.01.2019 година (сабота) со почеток во 13,00 часот во хотел “Александар Палас” Скопје (Конгресна сала 4).
Списокот на носителите на авторски права кои се членови на ЗАМП е истакнат на интернет страната на ЗАМП www.zamp.com.mk.
На седницата ќе се расправа по следниот дневен ред :
1.Поднесување на Извештај за финансиското работење на ЗАМП за периодот 2015-2018 година.
2.Избор на претседавач кој ќе раководи со седницата и избор на комисија која ќе изврши проверка на документацијата за исполнување на условите на кандидатите и пребројување на гласачките ливчиња.
3.Предлагање и утврдување на кандидати за претставници на Собранието и Надзорниот одбор на ЗАМП.
4.Разно
Напомена: На сите носители на авторски права членови на ЗАМП, кои не се жители на Скопје, ќе им бидат рефундирани трошоци во износ од 900.00 денари на нивните трансакциски сметки, откако ќе го потврдат присуството со своерачен потпис.
(За сите што ќе дојдат со сопствено возило обезбеден е бесплатен паркинг)
Претседател на Собранието на ЗАМП
проф.Живоин Глишиќ с.р.