23/12/2016 Известување

Во последните неколку години се искажани клевети и невистини за работата на ЗАМП и дека многу автори поради тие причини истапиле од членство и го напуштиле ЗАМП.Ја користиме оваа можност да ја известиме јавноста и членството дека вакви барања за истапување од членство не се присутни, туку напротив членството од година во година се зголемува.Како поткрепа на погоре наведеното е приемот на 52 нови членови на ЗАМП на 11-та седница на Управниот одбор на ЗАМП одржан на 22.12.2016 година, а врз основа на чл. 33 од Статутот на ЗАМП по претходно поднесени пристапници.Вкупниот број на автори и носители на авторски права кои пристапиле како членови на ЗАМП во календарската 2016 е 10

22/11/2016 Одлука за поднесување на кривични пријави


Врз основа на член 13 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП, на Седница на Собранието на ЗАМП, одржана на 21.11.2016 година во Скопје, беше донесена одлука за поднесување на кривични пријави до надлежното Јавно Обвинителство за сторено кривично дело – повреда на авторско право и сродни права од чл. 157 од Кривичниот Законик против сите Трговски радиодифузни друштва кои не ја почитувале Одлуката со број 493-1-0201 од 19.09.2016 година за забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од репертоарот на ЗАМП… Повеќе

03/11/2016 Реагирање од ЗАМП


НН: Реагирање од ЗАМП
Н: Правото над се, музиката во се!
ПН: Авторите во ЗАМП уште чекаат одговори од Министерството за култура

Авторите од ЗАМП го поздравуваат известувањето од Министерството за култура во врска со јавното соопштение на Здружението од 02.11.2016 г. во кое се тврди дека “ истиот ден на доставување на решението до ЗАМП, паралелно била поведена и постапка пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот“ и дека “Правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд“. Повеќе

02/11/2016 Јавно соопштение


Н: Министерството за култура продолжува да ја замајува јавноста
Н: Од лаги и импровизации – до хаос!
ПН: Единствено авторите кои ја донесоа забраната може и да ја отповикаат
На Министерството за култура му беа потребни 43 дена за да донесе Решение со кое, како што се наведува, „се запираат од извршување Одлуката на Собранието и на Управниот одбор на ЗАМП за Забрана за радиодифузно емитување на авторски музички дела“ и „се ставаат вон сила издадените дозволи од ЗАМП на ТРД за јавно емитување на авторски музички дела по пат на радио-дифузно емитување“. А се што смислија за тоа време е уште еден очаен чекор кој не се потпира на ниту еден правен аргумент ами единствено на аргументот на силата. Повеќе

28/10/2016 Одговор на ЗАМП по повод одржувањето на „Фолк Фест Валандово 2016„ и неговото емитување на МРТВ


Општина Валандово се обрати до ЗАМП со барање за информации за одржувањето на „Фолк Фест Валандово 2016„ и емитувањето на фестивалот на МРТВ, на што ЗАМП одговори : Повеќе

24/10/2016 Реакција на ЗАМП по повод Информацијата на МРТ дека ЗАМП го забранил одржувањето на „Скопје 2016„


Не се точни тврдењата на МРТ дека поради одлуката за забрана од ЗАМП, МРТ не може да го одржи фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“.
Согласно законот за авторското право и сродните права, ЗАМП колективно ги управува и ги застапува авторите САМО за објавени авторски дела. Повеќе…

19/10/2016 Заклучок од шесте колективни организации за заштита на авторски музички права од регионалната средба во Подгорица


По одржаната регионална средба на шесте колективни организации за заштита на авторски музички права од територијата на бивша Југославија која се одржа на 11.10.2016 година во Подгорица – Црна Гора беше донесен заклучок во кој се апелира уште еднаш да се врати колективната заштита и колективното управување со авторските музички права на само една организација, а тоа е ЗАМП на Република Македонија. Таква препорака и ургенција е доставена и од светската организација за заштита на авторите и композиторите CISAC на која и припаѓаат и сите наведени организации од бившите Југословенски простори.
линк : Заклучок од шесте колективни организации за заштита на авторски музички права од регионалната средба во Подгорица
линк : Заклучок (превод)

14/10/2016 Здружението за заштита на авторски музички права на Хрватска – ХДС ЗАМП забрани користење на авторски музички дела од нивниот репертоар


Ве известуваме дека на седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија .
Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, Ве известува дека забраната почнува од 17.10.2016 година.
Линк: Забрана за користење на репертоарот на ХДС ЗАМП- оригинал
Линк: Забрана за користење на репертоарот на ХДС ЗАМП- превод

13/10/2016 Регионална средба во Подгорица


Од 10-12.10.2016 година во Подгорица се одржа 14- тата по ред Регионална средба на која што домаќин беше Црногорското авторско друштво ПАМ. На средбата се работеше по следниот Дневен ред :
– Поздравен говор на Директорот на Заводот за интелектуална сопственост на Црна Гора г-дин Новак Аџиќ
– Усвојување на Записникот од состанокот во Сараево
– Актуелната ситуација во Македонија
– Соработката на авторските здруженија во доменот на online сервисите
– Актуелните случувања во регионот во смисла на законските измени, со посебен осврт на Директивите на ЕУ.
– Заклучок од средбата и договор за одржување на наредната средба
На регионалната средба присуствуваа претставници на Заводот за интелектуална сопственост на Црна Гора – Новак Аџиќ и Емина Мујевиќ и претставници од организациите за колективно управување на авторски музички права во регионот : HDS ZAMP – Хрватска, AMUS – Босна и Херцеговина , PAM – Црна Гора, SOKOJ – Србија, SAZAS – Словенија и како претставник на ЗАМП Македонија -Директорот Зоран Васковски .

22/09/2016 Новости од BBC


Проблемот со авторските права ја замолчи македонската музика

http://www.bbc.co.uk/news/blogs-news-from-elsewhere-37429277

20/09/2016 Авторите од ЗАМП забранија јавно емитување на нивна музика


Крајно револтирани од беспримерниот притисок што го прави Министерството за култура во остварувањето на авторските музички права, авторите од Република Македонија, чии права ги штити Здруженито за заштита на авторските музички права (ЗАМП) со акламација одлучија да се забрани јавно емитување на нивните дела, на седницата на автори одржана на 17 септември 2016 година во „Александар Палас“ во Скопје… Повеќе

20/09/2016 Известување по повод изјавата на Г-н Кокан Димушевски

Во врска со изјавата на Г-н Кокан Димушевски (линк) ЗАМП се произнесе со следното:

ОДГОВОР

19/09/2016 Седница на автори на ЗАМП


На 17.09.2016 година се одржа седница на автори на ЗАМП на која е донесена одлука за забрана за емитување на авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП која ќе започне од 20.09.2016 година и ќе трае се до нејзиното отповикување .
Линк: Одлука за забрана за емитување на авторски музички дела

13/09/2016 Актуелности од CISAC


Обраќањето на CISAC до Премиерот на РМ со итно барање за враќање на „ one stop shop“ во колективната заштита на авторските права на РМ се најде и во билтенот на CISAC за Јули-Август 2016. Загриженоста на CISAC за одлуката на Министесртвото за култура на РМ да даде овластување на уште едно здружение СОКОМ МАП да работи на територијата на Македонија е поради фактот дека колективното управување со правата е комплексна дејност на услуги на авторите и воопшто на јавноста која бара особено искуство и може да биде извршувана само од репрезентативни и искусни организации за колективно застапување.
Сомнежот на CISAC е дали овие критериуми биле земени во предвид при давањето на дозвола на здружението СОКОМ МАП.

23/08/2016 Обраќање од CISAC до премиерот на РМ


Доставено е барање од CISAC до премиерот на РМ за итна интервенција и враќање на “one stop shop” (едношалтерски систем – услуги од едно место) во колективната заштита на авторските права во Македонија.

Обраќање CISAC (линк мак ) (линк анг)

” Ви се обраќам во име на CISAC (Меѓународната Конфедерација на Здруженија на автори и композитори, со седиште во Париз. Како водечка светска асоцијација на здруженија за авторска заштита (Здруженија за колективно управување), CISAC обединува 239 организации од 123 земји во светот. Преку овие здруженија, CISAC застапува преку 4 милиони автори од сите полиња на уметноста, како: музика, драма, литература, аудио-визуелни уметности, графика и визулени уметности.
Во Македонија, ЗАМП е единствена организација која е членка на CISAC. Покрај застапувањето на локалниот македонски репертоар, на ЗАМП му е доверена заштитата и управувањето и на меѓународниот репертоар преку бројните договори за взаемно претставување кои ги има потпишано со сродни здруженија низ светот (Франција, Британија, Германија, САД, Русија, Јапонија, Италија, Србија, Хрватска и др.). Со тоа ЗАМП игра клучна улога во обезбедувањето на заштита на правата во Република Македонија како на домашните, така и на странските автори. CISAC секогаш го поддржува ЗАМП, кој за жал сеуште работи во услови на ислучително непријатна клима во Македонија….” Обраќање CISAC

(линк мак ) (линк анг)

26/08/2016 Седница на автори членови на ЗАМП


Врз основа на чл.16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП-Скопје, Ве повикуваме на Седница на автори членови на ЗАМП, која ќе се одржи на 17.09.2016 година (сабота) со почеток во 11,00 часот во хотел “Александар Палас” Скопје (конгресна сала).

20/08/2016 Кој прави хајка против ЗАМП? Оркестрираната хајка против Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) ита кон својата цел – системски да ја разнебити организацијата за колективно управување и уставно загарантираното право на авторите да го врати за повеќе од половина век и да го сведе на племенски основи


Оркестрираната хајка против Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) ита кон својата цел – системски да ја разнебити организацијата за колективно управување и уставно загарантираното право на авторите да го врати за повеќе од половина век и да го сведе на племенски основи Повеќе

16/08/2016 ОБРАЌАЊЕ од RICom publishing и ICMP


По повод давањето дозвола за колективно управување на музичките права во Македонија на СОКОМ МАП, RICom publishing – лиценциран партнер на групацијата Universal Music Publishing за територијата на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија и ICMP (International Confederation od Music Publisher) со седиште во Брисел реагираа до Владата на Република Македонија, Министерството за култура на Република Македонија и до Комисијата за посредување во авторското право и сродните права бидејќи давањето дозвола за ист вид права на две колективни организации (ЗАМП и СОКОМ МАП) е преседеан во светски размери. „Тоа е избрзана, неиспитана и непотребна одлука, што го потврдува Предлог-правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на СОКОМ МАП, објавен на нивната интернет страна од 27.06.2016 година.“
Причина за нивната сериозна загриженост е фактот дека доколку тарифата на СОКОМ МАП стапи во сила, авторските права би се обезвредниле, а употребата на нивните дела би била речиси бесплатна.
Обраќање RICom publishing (линк мак ) (линк анг)
Обраќање ICMP (линк мак ) (линк анг)

03/08/2016 ОБРАЌАЊЕ од СОКОЈ и ХДС ЗАМП


Обраќање на колективните организации СОКОЈ (Србија) и ХДС-ЗАМП (Хрватска) по повод јавниот повик по предлог Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела на СОКОМ МАП, објавен на 27.06.2016 год.

Обраќање СОКОЈ (линк мак) (линк анг)
Обраќање ХДС – ЗАМП (линк мак) (линк анг)

1/08/2016 Донација за настраданите од поплавите


Сочувствувајќи и солидаризирајќи се со граѓаните кои изгубија членови на своите семејства и претрпеа големи материјални штети во катастрофалната поплава од 06.08.2016 год., Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП донесе одлука да донира 500.000,00 денари на солидарната жиро-сметка на Црвениот крст на Република Македонија.

18/04/2016 Технички комитет во Лисабон


Од 13-14 Април 2016 година во Лисабон (Португалија)  се одржа годишниот Деловен Техничкиот Комитет (BTC). На комитетот присуствуваа околу 150 учесници – претставници на 66 друштва од целиот свет меѓу кои и двајца претставници од ЗАМП. На комитетот беа разгледувани актуелни теми –  реформите во Биндинг Резолуцијата и Деловните правила, Принципите за документација и дистрибуција, документи за најдобра пракса и новините во користењето на глобалната база на дела Cis-Net.

11/04/2016 Европски Комитет – Софија


             Европскиот Комитет на CISAC оваа година се одржа во Софија на 06-07 Април. Домаќини на средбата беа двете колективни организации во Бугарија MUSICAUTOR  и FILMAUTOR.
На Комитетот учество земаа 105 претстваници на 48 друштва, членки на CISAC, како и организации кои директно влијаат на работата на CISAC.
Присутните дискутираа на теми во областа на авторската заштита, како:
-Ситуацијата на полето на авторските права во Бугарија;
-Стаутарни промени во CISAC;
-Иницијативи во Европската комисија во врска со авторската заштита;
-Дигиталните срервиси – Spotify;
-Односот на тарифите помеѓу авторските и сродните права;
-Активностите во Централна и Источна Европа;
-Национални извештаи (ЗАМП, РАО и АККА/ЛАА)  и Резолуции.