Кои права ги има авторот?
На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Авторското право е единствено право и неразделно од авторското дело. Тоа содржи исклучиви морални и материјални права. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело. За секое искористување на авторското дело од други лица на авторот му следува надоместок.