12/09/2021 Концерт на македонски евергрини во изведба на Тамара Тодевска со Емин Џијан и Македонска Филхармонија
На 03/09/2021 год. на Скопско Кале се одржа концерт на Тамара Тодевска заедно со Емин Џијан и Македонска Филхармонија.
На концертот беа изведени познати македонски евергрини меѓу кои „Нека мине се“, „ Зборувај ми за Скопје“ , „Молчи молчи љубов моја“, „Приспивна за реката“ и многу други во изведба на Тамара, Биг Бендот на Здружението на џез музичари и музичари од Филхармонијата.
” Едно одбележување на некое заборавено време на македонски музички великани како Нина Спирова, Димитар Масевски, Шпато, потсети ме ако нешто заборавам. Еден музички времеплов, песни кои мене вистински ми лежат на душа” – изјави Тамара Тодевска