Врз основа на член 4 став 2 од Деловникот за работа на Управниот одбор на ЗАМП Скопје, член 24, член 61 и 62 од Статутот на ЗАМП Скопје, Правилникот за систематизација на работните места во ЗАМП Скопје и Одлуката 0202-318/2 од 01.03.2023 година на УО на ЗАМП Скопје, се објавува следниот:

КОНКУРС

за избор на Директор на Стручната служба на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП Скопје

I. Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со актите на ЗАМП Скопје и тоа:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
  • Да има минимум 4 (четири) години работно искуство

–   За предност ќе се смета работното искуство стекнато на раководни позиции како и познавања од областа на авторското право со акцент на менаџерските способности и лидерските вештини;

  • Активно познавање на англискиот јазик;
  • Положен возачки испит – Б категорија;
  • Познавање на работа со компјутер.

II. Кандидатите со својата пријава на овој конкурс потребно е да ги приложат следните документи:

  • Кратка биографија (Curriculum vitae);
  • Уверение за завршеното образование;
  • Доказ за познавање на англиски јазик;
  • Доказ за работното искуство.

III. Услови и бенифиции

  • Договор на определено време 4 година со можност за продолжување;
  • 40 часа работно време;
  • Распоред на работното време од 08:00 до 16:00 часот;
  • Гарантирана основна месечна плата од 86.000,00 денари.

IV. Конкурсот трае 15 (дена) дена од денот на објавување на огласот.

V.Документите да бидат доставени до Управниот одбор на ЗАМП Скопје на адреса: “ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28 Скопје-Центар“ или електронски во скенирана форма на електронското сандаче zamp@zamp.com.mk, со назнака „Конкурс за избор на директор на Стручната служба на ЗАМП Скопје“ најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од конкурсот.

                                                                                                ПРЕТСЕДАТЕЛ НА

                                                                                    УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗАМП

                                                                                          Владимир Дојчиновски с.р.