На 31 март во просториите на Националната опера и балет (НОБ) премиерно се одржа детската балетска претстава „Петар Пан“. Претставата беше изведена од децата од балетското студио „Арт Балетот“ во Скопје.
Претставата е потпишана од тимот составен од Ристо Самарџиев – сценарио и песни, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов, а музиката на Владимир Дојчиновски-Дојчин.