Кој има законска обврска да плати за ЗАМП за свадби или слични веселби?
Во Службен Весник на РМ бр.147 од 28.10.2013 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.Горе наведениот Закон стапи во сила на 05.11.2013 год. Согласно чл. 137 од Законот за авторското право и сродните права, ЗАМП нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници, и не може договорно да ја пренесе обврската за јавно соопштување на музички дела на приредби (свадби или слични приватни веселби) .Корисник може да биде физичко или правно лице кое за вршење на дејноста користи авторски музички дела (хотел, ресторан или друг угостителски објект).