21\04\2020 Жан Мишел Жар : „Уметноста и културата се во можност да го предводат закрепнувањето на светот од кризата„
Претседателот на Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори Жан Мишел Жар во вторникот ги повика владите и креативците на заедничко размислување во врска со справувањето со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот, оценувајќи дека уметноста и културата можат да бидат лост за успешно опоравување.
“Фокусот на оваа криза е пред се врз здравјето и опстанокот. Сепак, Ковид-19 има катастрофално влијание врз културата, како закана на долгорочно губење на приходите на авторите, штета врз економиjата и работните места, како и уништување на заедниците изградени врз културата и уметноста”.
Жан Мишел Жар е претседател на Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (CISAC) и УНЕСКО-амбасадор на добра волја.