Националната опера и балет традиционално во мај го организира меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери”. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот ќе се одржи како серијал на концерти насловени „Мајски концерти”.

Настаните ќе се емитуваат онлајн на ЈуТјуб каналот на Националната опера и балет. Затварањето ќе биде на 31 мај со прикажување на операта Аида на платото „ Мајка Тереза”, пред Националната опера и балет .