02/03/2022 Јавен повик за Седница на автори
ЈАВЕН ПОВИК
Врз основа на член 16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП-Скопје, се повикуваат членовите на Здружението на Седница на автори, кој ќе се одржи на 19.03.2022 година (сабота) со почеток во 12,00 часот во Дом на АРМ (концертна сала).
Списокот на носителите на авторски права кои се членови на ЗАМП е истакнат на интернет страната на ЗАМП www.zamp.com.mk
На седницата ќе се расправа по следниот дневен ред:
- Избор на претседавач кој ќе раководи со седницата и избор на комисија која ќе изврши проверка на документацијата за исполнување на условите на кандидатите и пребројување на гласачките ливчиња.
- Предлагање и утврдување на кандидати за еден претставник на Собранието и двајца претставници на Надзорниот одбор на ЗАМП.
Претсeдател на Собранието на ЗАМП
Борче Нечовски с.р.