09/05/2022 Концерт на Дуке Бојаџиев по повод Денот на Европа
По повод Денот на Европа, македонскиот меѓународно признат композитори и пијанист Дуке Бојаџиев одржа концертот, отворен за широка јавност во градскиот парк во Скопје.
Дукe, заедно со неговите гости, двајца наратори и оркестарот на Македонската Филхармонија , ги изведоа своите најнови дела кои се спој на оркестарска и филмска музика со нарација на поезија на Руми на македонски и албански јазик.
Концертот е дел од серијaлот настани во организација на Europe House со кои се одбележува 9 мај – Денот на Европа.