На петтата седница  одржана на ден 04/10/2022 год. Управниот одбор на ЗАМП, врз основа на член 24 од Статутот на ЗАМП в.в. член 43 став 3 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци на ЗАМП, донесе Одлука на барање на автор да се исплати аконтација на име авторски права, но не пред истекот на 6 (шест) месеци од последната годишна исплата.

Висина на аконтацијата не смее да го надминува износот од 40% од последната исплата на авторски надоместоци.

Одлуката на Управниот одбор стапува на сила со денот на донесувањето.