ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на чл. 16 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП-Скопје, се повикуваат членовите на ЗАМП на седница на автори, која ќе се одржи на 26.11.2022 година  (сабота) со почеток во 12,00 часот во големиот амфитеатар на Европски Универзитет, Скопје.

Списокот на носителите на авторски права, членови на ЗАМП е објавен на интернет страната на ЗАМП www.zamp.com.mk.

На седницата на автори ќе се расправа по следниот Дневен ред:

  1. Поднесување на Извештај за финансиското работење за периодот 2019-2022;
  2. Избор на претседавач кој ќе раководи со седницата и избор на комисија која ќе врши проверка на документацијата за исполнување на условите на кандитатите и пребројување на гласачките ливчиња;
  3. Предлагање и утврдување на кандидати за избор на 2 (два) членови на Надзорниот одбор на ЗАМП Скопје заради попополнување на испразнети места;
  4. Предлагање и утврдување на кандидати за редовен избор на нов состав на Собранието на ЗАМП Скопје;
  5. Предлaгање и утврдување на кандидати за редовен избор на 2 (два) членови на Надзорниот одбор на ЗАМП Скопје.

Претседател на Собранието на ЗАМП

Борче Нечовски с.р.