15/09/2022 Концерт на Симон Трпчески и пријателите
На 14.09.2022 година на платото пред Македонска опера и балет, Симон Трпчески и Македонисимо квинтетот одржаа бесплатен концерт на кој премиерно беше изведен музичкиот проект „Македонисимо“. Во проектот е направена обработка на македонската народна музика од страна на нашиот композитор Панде Шахов.
Македонисимо квинтетот го сочинуваат Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал – Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.
Концертот беше во организација на Здружението за култура и уметност „КултурОп“ .