Од 13 до 16 октомври 2022 во НОБ и МКЦ по четириесет и први пат се одржа Скопскиот џез фестивал.

Отворањето на фестивалот беше со изведбата на американскиот ансамбл „Експлодинг стар оркестра“, предводен од авангардниот трубач Роб Мазурек.

Во програмата на Скопскиот џез фестивал беа застапени музичари од САД, Франција, Бразил, Шведска и Норвешка.

Покрај светските џез имиња, настапија и џез изведувачи и композитори од Македонија – „Зулу 3.4“, и „Такси конзилиум“.