На 13 ноември 2022 во Македонска Филхармонија се одржа педесет и второто издание на фестивалот за детска песна „Златно Славејче 2022“. 

Во салата на Македонската филхармонија, се одржаа четири претстави, во четири различни термини. Славејчињата го отворија фестивалот со познатата „Песна за Скопје“ („Градот убав“) , која е химна на фестивалот, напишана од маестро Александар Џамбазов , а по неа следуваа 14 нови разиграни детски песни.