28/11/2022 Известување за одржаната Седница на членови на ЗАМП за избор на членови на Собранието и Надзорниот Одбор
Согласно членовите 13,16,17,18,19,20,30 и 33 од Статутот на ЗАМП на 26.11.2022 година во Европскиот Универзитет – Скопје, со почеток во 12,00 часот, беше одржана Седница на автори – членови на Здружението за: редовен избор на членови на Собранието на ЗАМП, избор на 2 (два) члена на Надзорниот одбор на ЗАМП заради попополнување на испразнети места и редовен избор на 2 (два) члена на Надзорниот одбор на ЗАМП Скопје.
Врз основа на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Собранието чиј избор е извршен со таjно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на Седницата во состав: Автовски Никола, Љубица Пендароска и Димитар Кочев по пребројувањето на гласовите ги објави резултатите.
За членови на Собранието се избрани следните автори:
- Николче Мицевски
- Ристо Самарџиев
- Весна Малинова
- Александар Ристовски Принц
- Мартин Вичиќ
- Дарио Панковски
- Огнен Неделковски
- Дарко Тасев
- Дарко Илиевски Ј.
- Никола Автовски
- Тодор Завков
- Љупчо Соколовски
- Дејан Момироски
- Кристијан Габроски
- Ѓорѓи Крстевски
- Никола Перевски
Мандатот на новоизбраните членови на Собранието започнува од 01.06.2023 година, по истекот на мандатот на сегашниот состав на Собранието кој трае до 31.05.2023 година.
На истата седница на автори, согласно на одредбите од Статутот, а по претходна постапка на предлагање, утврдување и избор на членови на Надзорниот одбор, чиј избор е извршен со тајно гласање, комисијата која го спроведуваше гласањето избрана од присутните членови на седницата, во состав: Автовски Никола, Љубица Пендароска и Димитар Кочев по пребројување на гласовите ги објави резултатите.
За членови на Надзорен одбор заради попополнување на испразнети места се избрани авторите:
- Петар Ренџов
- Петар Младеновски,
чиј мандат како членови на Надзорниот одбор заради попополнување на испразнети места започнува веднаш, со траење од 4 години.
За членови на Надзорен одбор се избрани авторите:
- Влатко Стефановски
- Сашо Ливрински,
чиј мандат како новоизбрани членови на Надзорниот одбор започнува од 01.06.2023 година, по истекот на мандатот на сегашниот состав на Надзорниот одбор кој трае до 31.05.2023 година.