ПИН музичката конференција, која традиционално се одржува во пресрет на фестивалот Таксират, се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје од 30 ноември до 2 декември. Учествуваа околу 50 бендови и музичари од цела Европа на повеќе подиуми во МКЦ, а сите концерти беа бесплатни. Во склоп на конференцијата имаше и ПИН панели, на кои се обработија различни музички теми.