Почитувани,

Согласно новонастанатата ситуација и препораките на Владата на РСМ, а со цел спречување на ширење на вирусот COVID – 19, Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП Скопје, Ве известува дека од 16.03.2020 година, ЗАМП нема да работи со странки, а услугите ќе можете да ги добиете исклучиво преку телефон или по пат на електронска порака.

Авторите кои имаат намера да поднесат пријава на дело или да достават било каква друга документација, истото ќе можат да го направат без директен физички контакт со вработените во службата, односно писмената документација може да биде оставена на пријавница, со назнака „ЗА ЗАМП“.

Корисниците кои имаат намера да достават писмена документација, истото ќе можат да го сторат преку пријавницата во зградата во која се наоѓаат деловните простории на ЗАМП, на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов број 28, со назнака „ЗА ЗАМП“ или истите да ги достават во електронска форма на следната емаил адреса: zamp@zamp.com.mk

Телефони за контакт: 

             ЗАМП

               в.д. Директор,

              Нина Ивановска