20/03/2020 Известување до корисниците на авторски музички дела -КОВИД 19
Известување од ЗАМП
Почитувани корисници на автoрски музички дела,
Во услови на вонредни мерки против ширење на вирусот КОВИД 19, што драматично влијае врз работењето на голем број компании во земјава, Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП, солидаризирајќи се и целосно поддржувајќи ги владините мерки, одлучи да ги ослободи од плаќање на авторски надоместок корисниците на музика кои директно се погодени од кризата, во време кога согласно вонредните мерки не ја вршат својата дејност.
Ова е време на солидарност, одговорност и добра волја. Авторите на музика се во систем на споени садови со компаниите, хотелиерите, угостителите, спортските, рекреативните, културните институции и други корисници, кои деновиве трпат големи штети.
Голем број автори на музика во овие околности ќе останат без приходите, што ќе ги драматизира егзистенцијалните потреби на нивните семејства. Затоа, ЗАМП, продолжувајќи да ги следи и да ги спроведува мерките на Владата и на другите институции, ќе им помогне најзагрозените автори за побезболно да се надмине кризата од пандемијата.
Скопје,
20.03.2020 год.
З А М П
в.д. Директор
Нина Ивановска