Новиот албум на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle со кој ја продолжува успешната соработка со најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records е објавен на 20-ти ноември 2020 година.

Албумот содржи девет теми: Taftalidze Shuffle, Funky junkie, Игранка, Гаража, Global Warming – local freezing, Огледало, Немам песна за тебе, Раскрсница, Дијаспора.

Taftalidze Shuffle претставува извонредна колекција на вокални и инструментални теми на Влатко, низ кои бојата на неговата гитара е нешто што вечно останува во меморија на слушателот.