Најголемиот фестивал на забавна музика Макфест се одржа на 17 и 18/09/2021 во „АкваБела Ресорт-от“ во Штип. Фестивалот имаше две вечери, прва – дебитантска вечер и втора – финална вечер.

На фестивалот зедоа учество еминентни автори од Македонската музичка сцена. Победник на 36-тото издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ е дебитантот Александар Тодоровски кој ја испеа песната „Под исто небо“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски.