27/09/2022 Известување во врска со доставувањето на звучни записи на авторски дела до ЗАМП
Почитувани автори и носители на авторски права,
Ве известуваме дека од 01.10.2022 година ЗАМП воведува нов начин на доставување на аудио записи за пријавените дела. Со цел за усогласување со Законот за заштита на лични податоци обезбедивме нов и посигурен начин за доставување на Вашите аудио записи при пријава на дело. Доставувањето на аудио записи на други преносни медиуми (УСБ, надворешен диск и сл.) ќе бидат недозволени, освен доколку истите се достават на ЦД диск (затворен за понатамошно снимање).
Упатството во врска со постапката и начинот на доставување ќе Ви бидат испратени на Вашите електронски адреси (e-mail) кои се евидентирани во ЗАМП.
Ве молиме ажурирајте ги Вашите податоци со цел навремено да ги добивате сите известувања од ЗАМП.